Промени тема
Контакт

35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

media-library24vh06rfr4qq3unzUSz

Лотарија ќе ги исплати 300 милиони денари на „Авалон“, немало време за јавниот повик да трае подолго, кажа директорот Климовски

Договорот со „Авалон“ предвидува исплата на 300 милиони денари, потврди директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, кој одговараше и на прашањата зошто јавниот повик за доставување понуди траел само пет дена.Прашањето беше поставено и во контекст на тоа дека понудата на компанијата која настапува под брендот „Авалон“ содржела концепт од околу сто страници, за кој се поставува прашањето како можел да биде подготвен во рок од само четири до пет дена.„Да, 300 милиони денари се во договоро

Македонија | пред 1 седмица

media-library01o2pmjvga48aTl6i15

„Лотарија е на државата, но парите не се буџетски“ – Климовски објаснува зошто 300 милиони ги смета за компаниски

Иако Државна лотарија е компанија во државна сопственост, директорот Александар Климовски тврди дека нејзините средства не се автоматски и буџетски пари. Одговарајќи на прашањето зошто се инсистира дека 300-те милиони денари потрошени за прославата на независноста се компаниски, а не буџетски средства, Климовски рече дека правниот статус на компанијата е клучен за оваа разлика.„Лаички што кажувате е едно. Законски и формално-правно е друго. Зошто? Затоа што Лотарија има посебен правен субјективи

Македонија | пред 1 седмица

media-library0kccv4r55jo8d58NvJO

Директорот на Лотарија објаснува од каде 300 милиони за прославата за независноста: Тоа се компаниски пари, отидовме над законот за да сме транспарентни

Директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, тврди дека 300 милиони денари обезбедени за прославата на независноста не биле буџетски средства, туку компаниски пари од нераспределената добивка на друштвото.Според него, Државна лотарија е посебен правен субјект, а Владата во однос на компанијата настапува како основач и единствен акционер.„Државна лотарија е посебен правен субјект. Владата е основач и таа е Собрание на акционери или единствен акционер и еден од врховните органи. Компанија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryf518e73nmjr5dy8FuLx

Владата за прославата на независноста: Беа платени 300 милиони денари од Лотарија и уште 40 милиони од компании - од буџетот не е даден ниту денар

Владината портпаролка Марија Митева изнесе детали за постапката и финансиската конструкција за прославата на независноста, наведувајќи дека со владин заклучок било предвидено ангажирање светски артист од А класа, продукција од ист ранг и организација на 12 настани низ Македонија.Според Митева, концептот предвидувал главен настан со светска ѕвезда во придружба на македонски артисти, со продукција која, како што рече, гарантира присуство од 30.000 посетители.„Владата донесе заклучок каде се утврди

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryncidj3k54h0b5qckzLG

(Видео) По спектаклот со Гета, „Бисер балкански“ и ора пред Арената „Тодор Проески“

По спектакуларниот настап на Дејвид Гета, пред Арената „Тодор Проески“ продолжи прославата со „Бисер балкански“ и македонски ора.Публиката се забавуваше и пееше во празнична атмосфера, со македонска музика и традиција.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryb31stl285h2v9YuQCuq

(Видео) Дејвид Гета со спектакл во Скопје ја заокружи прославата за 35 години независност

Со илјадници телефони кренати во воздух, силни светлосни ефекти и громогласни реакции од публиката, Скопје синоќа го пречека Дејвид Гета. Францускиот диџеј, продуцент и хитмејкер со двочасовниот настап на стадионот „Тодор Проески“ ја заокружи прославата на 35 години независност на Македонија.Пред околу 50 илјади луѓе, Гета го претстави спектакуларниот „The Monolith Stadium Show“, во кој музиката беше надополнета со пиротехника, светлосни ефекти и впечатливи визуелни елементи.Публиката уште од 20

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhjc76ho5i5nmbPuVKVx

(Видео) Легендарниот Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со Македонската филхармонија и македонски ѕвезди

Легендарниот шпански тенор Хозе Карерас, еден од славните „Тројца тенори“ заедно со Лучано Павароти и Пласидо Доминго, синоќа настапи пред македонската публика на плоштадот „Македонија“ по повод 35 години независност на Македонија.Карерас, кој зад себе има децениска меѓународна кариера и настапи на најголемите светски сцени, настапи заедно со Македонската филхармонија и дел од најпознатите македонски музички имиња.Посебен момент беше заедничката изведба на „Едно име имаме“, во која на сцената се

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygtm7h2hhbscueuXnZvG

(Видео) Карерас, Калиопи, Каролина, Маја и Влатко заедно пред полн плоштад: Спектакл за 35 години независност

Скопје синоќа беше центар на голема музичка вечер посветена на 35 години независност, со легендарниот шпански тенор Хозе Карерас како главна ѕвезда. Пред преполниот плоштад „Македонија“, Карерас настапи заедно со Македонската филхармонија и приреди концерт исполнет со извонредни вокални изведби и силни емоции.Концертот, организиран од „Авалон“ и Владата, го збогатија и некои од најпознатите македонски музички имиња. Македонската филхармонија настапи под диригентската палка на Сашо Татарчевски, с

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryp2nbdih4nsi5eRhGMQl

Маја Оџаклиевска се приклучува на македонскиот дрим тим со Хозе Карерас на 1 септември

Македонската музичка легенда Маја Оџаклиевска ќе биде дел од големиот музички спектакл со светскиот оперски великан Хозе Карерас, кој ќе се одржи на 1 септември на Плоштад Македонија во Скопје.Од „Авалон продукција“ соопштија дека Оџаклиевска се приклучува на македонскиот „дрим тим“, кој го сочинуваат и Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски, како и Ана и Игор Дурловски.Големиот концерт е најавен како еден од најзначајните музички настани

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryi7pf2qgooh798YrLYNz

(Фото) По грешката во Охрид, коригирано македонското знаме на прославата за независноста на Македонија која се одржа во Битола

Графиките со македонското знаме што се прикажуваат на видеобимовите за време на музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ се променети. На синоќешниот настан во Битола сонцето на знамето беше прикажано со точниот број – осум краци, што може да се забележи и на фотографиите објавени од битолскиот градоначалник Тони Коњановски.Корекцијата следува откако на претходното издание на спектаклот во Охрид на видеобимовите беше прикажана стилизирана верзија на македонското знаме со 12 наместо со осум

Македонија | пред 1 месец

media-library6865bukejuoi3UlouFG

„Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски“, велат од СДСМ

СДСМ преку соопштение реагира на пропустот со македонското знаме на официјалната државна прослава по повод 35 години независност, обвинувајќи ја Владата предводена од Христијан Мицкоски за непрофесионалност и непочитување на државните симболи.Од партијата велат дека станува збор за „нов срам и ново понижување“, особено имајќи предвид дека прославата се финансира со средства од државниот буџет.„Милиони евра народни пари троши Владата на Мицкоски, а не успеа ниту македонското знаме да го направи к

Македонија | пред 1 месец

media-libraryak4ilo5k20nnbEEdAXo

(Фото) Со погрешно знаме започна прославата за 35 години независност на Македонија

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, со кој во Охрид започнаа настаните посветени на 35-годишнината од независноста на Македонија, привлече внимание не само со богатата програма, туку и со дел од визуелниот идентитет на сцената.На стадионот „Билјанини извори“ настапија Игор Џамбазов и повеќе од 30 македонски изведувачи, а преку музика, театар и поезија беше претставена приказната за македонската држава, нејзината историја, успеси, загуби и генерации.Сепак, во текот на настанот внимани

Македонија | пред 1 месец

media-library45rrc81ida9pfFDtEmg

(Видео) „Силно светнал ден“: Од Охрид започна големата прослава за 35 години независна Македонија

Охрид синоќа беше домаќин на првиот од серијата концерти и настани со кои Македонија ја одбележува 35-годишнината од независноста. Со настапи на повеќе познати македонски музички имиња, од градскиот стадион започна прославата која во наредниот период ќе се одржува во 11 градови низ земјата.Програмата се одвива под мотото „Силно светнал ден“, а кулминацијата е најавена за 8 септември во Скопје, каде што на Градскиот стадион ќе настапи светската музичка ѕвезда Дејвид Гета.Спектаклот е во режија на

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања