Промени тема
Контакт

(Видео) Легендарниот Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со Македонската филхармонија и македонски ѕвезди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryhjc76ho5i5nmbPuVKVx

Легендарниот шпански тенор Хозе Карерас, еден од славните „Тројца тенори“ заедно со Лучано Павароти и Пласидо Доминго, синоќа настапи пред македонската публика на плоштадот „Македонија“ по повод 35 години независност на Македонија.

— реклама —

Карерас, кој зад себе има децениска меѓународна кариера и настапи на најголемите светски сцени, настапи заедно со Македонската филхармонија и дел од најпознатите македонски музички имиња.

— реклама —

Посебен момент беше заедничката изведба на „Едно име имаме“, во која на сцената се приклучија Влатко Стефановски на гитара, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска.

— реклама —

Полн плоштад „Македонија“ ја проследи оваа несекојдневна музичка изведба, која беше еден од највпечатливите моменти од концертот по повод 35 години независност на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library24vh06rfr4qq3unzUSz

Лотарија ќе ги исплати 300 милиони денари на „Авалон“, немало време за јавниот повик да трае подолго, кажа директорот Климовски

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library01o2pmjvga48aTl6i15

„Лотарија е на државата, но парите не се буџетски“ – Климовски објаснува зошто 300 милиони ги смета за компаниски

Македонија | пред 1 месец

media-library0kccv4r55jo8d58NvJO

Директорот на Лотарија објаснува од каде 300 милиони за прославата за независноста: Тоа се компаниски пари, отидовме над законот за да сме транспарентни

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf518e73nmjr5dy8FuLx

Владата за прославата на независноста: Беа платени 300 милиони денари од Лотарија и уште 40 милиони од компании - од буџетот не е даден ниту денар

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања