Промени тема
Контакт

(Видео) Дејвид Гета со спектакл во Скопје ја заокружи прославата за 35 години независност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryb31stl285h2v9YuQCuq

Со илјадници телефони кренати во воздух, силни светлосни ефекти и громогласни реакции од публиката, Скопје синоќа го пречека Дејвид Гета. Францускиот диџеј, продуцент и хитмејкер со двочасовниот настап на стадионот „Тодор Проески“ ја заокружи прославата на 35 години независност на Македонија.

— реклама —

Пред околу 50 илјади луѓе, Гета го претстави спектакуларниот „The Monolith Stadium Show“, во кој музиката беше надополнета со пиротехника, светлосни ефекти и впечатливи визуелни елементи.

— реклама —

Публиката уште од 20 часот постепено се загреваше за главниот настап, а атмосферата ја создаваа домашните диџеи Семпре и Никифор. Во своите сетови, соодветно на празничната атмосфера, тие вклучија бројни ремикси на познати македонски поп-хитови.

Долгоочекуваното појавување на Гета следуваше по 22:30 часот. Неговото излегување на сцената беше проследено со громогласни вресоци и воодушевување од публиката, која со нетрпение го очекуваше настапот на една од најголемите ѕвезди на современата популарна музика.

— реклама —

Со неговиот двочасовен спектакл, на стадионот „Тодор Проески“ беше ставена завршната точка на празничната прослава, во вечер исполнета со музика, спектакл и илјадници посетители.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library24vh06rfr4qq3unzUSz

Лотарија ќе ги исплати 300 милиони денари на „Авалон“, немало време за јавниот повик да трае подолго, кажа директорот Климовски

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library01o2pmjvga48aTl6i15

„Лотарија е на државата, но парите не се буџетски“ – Климовски објаснува зошто 300 милиони ги смета за компаниски

Македонија | пред 3 седмици

media-library0kccv4r55jo8d58NvJO

Директорот на Лотарија објаснува од каде 300 милиони за прославата за независноста: Тоа се компаниски пари, отидовме над законот за да сме транспарентни

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryf518e73nmjr5dy8FuLx

Владата за прославата на независноста: Беа платени 300 милиони денари од Лотарија и уште 40 милиони од компании - од буџетот не е даден ниту денар

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања