Промени тема
Контакт

(Видео) Карерас, Калиопи, Каролина, Маја и Влатко заедно пред полн плоштад: Спектакл за 35 години независност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarygtm7h2hhbscueuXnZvG

Скопје синоќа беше центар на голема музичка вечер посветена на 35 години независност, со легендарниот шпански тенор Хозе Карерас како главна ѕвезда. Пред преполниот плоштад „Македонија“, Карерас настапи заедно со Македонската филхармонија и приреди концерт исполнет со извонредни вокални изведби и силни емоции.

Концертот, организиран од „Авалон“ и Владата, го збогатија и некои од најпознатите македонски музички имиња. Македонската филхармонија настапи под диригентската палка на Сашо Татарчевски, со оркестрации на Николче Мицевски.

Македонските изведувачи приредија повеќе настапи, а дел од песните оставија особен впечаток кај публиката. Сузана Спасовска со „Земјо македонска“ ја крена атмосферата на плоштадот, Маја Оџаклиевска со „Македонско девојче“ предизвика силни емоции, додека Каролина ја отпеа „Ако згрешам нека изгорам“.

— реклама —

Посебно емотивен настап имаше и Калиопи, која со својот препознатлив вокал ја исполни сцената со силна енергија и љубов кон Македонија. Заедно со илјадници Македонци ја пееше „Бисер балкански“. Публиката уживаше и во настапот на Влатко Стефановски и неговата безвременска „Gipsy Song“.

— реклама —
— реклама —

Плоштадот „Македонија“ беше исполнет до последното место, а музичката програма со Карерас и македонските музички ѕвезди приреди вечер која долго ќе се памети во одбележувањето на 35 години независност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library24vh06rfr4qq3unzUSz

Лотарија ќе ги исплати 300 милиони денари на „Авалон“, немало време за јавниот повик да трае подолго, кажа директорот Климовски

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library01o2pmjvga48aTl6i15

„Лотарија е на државата, но парите не се буџетски“ – Климовски објаснува зошто 300 милиони ги смета за компаниски

Македонија | пред 1 седмица

media-library0kccv4r55jo8d58NvJO

Директорот на Лотарија објаснува од каде 300 милиони за прославата за независноста: Тоа се компаниски пари, отидовме над законот за да сме транспарентни

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryf518e73nmjr5dy8FuLx

Владата за прославата на независноста: Беа платени 300 милиони денари од Лотарија и уште 40 милиони од компании - од буџетот не е даден ниту денар

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања