Мајката која минатата година го сними сопругот како ја тепа нивната ќерка во скопската населба Драчево повторно се огласи во јавноста, изразувајќи револт што, како што тврди, насилниот татко е на слобода.
Скопјанката Валерија преку објава на социјалните мрежи порача дека доколку тој повторно се појави пред нејзината врата, „лично ќе пресуди“, обвинувајќи ги институциите за неефикасност и неправда.
„Да ти се плукнам во правдата. Ѓубрето да си шета слободно, викенд му следувало, можел да оди на работа – буквално ќе си шета како ништо да не се случило. Демек таква проценка се дала, не бил опасен по живот. А што е со нас?“, напиша таа на Фејсбук.
Таа тврди и дека од Центарот за социјална работа се обидувале да ги „смират“, и покрај насилството што, како што вели, со години го трпела таа и нејзините деца.
Случајот стана познат во јавноста откако минатата година се појави видео на кое се гледа како таткото физички напаѓа четиригодишно девојче.
По настанот, Основното јавно обвинителство покрена постапка против 28-годишниот скопјанец, кој беше приведен и кому му беше одреден притвор. Според обвинителството, инцидентот се случил додека мајката подготвувала храна, а девојчето играло со своите сестри. Кога детето се качило на кревет во дневната соба за да земе играчки, таткото почнал да ја навредува, а потоа и физички да ја напаѓа.
Како што се наведува во наодите, тој ѝ удрил неколку шлаканици по лицето, при што ѝ нанел набиеница на главата и огреботини на лицето, а притоа упатувал и закани дека „ќе ја убие“.
Засега нема официјална реакција од Центарот за социјална работа во врска со тврдењата на мајката дека од таму се обидувале да ја смират со насилниот сопруг, додека од Обвинителството се очекуваат дополнителни информации за текот и исходот на постапката.
ПРЕТХОДНО ЗА СЛУЧАЈОТ:
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“
Скопјанка, сподели видео на кое се гледа како татко претепува сопствено дете. Снимката е вознемирувачка, а таа прашува „Зарем вакво детство заслужува едно дете“. Видеото е дел од доказите на Обвинителството, кои побараа, а судот одобри притвор за насилникот.Zarem vakvo detstvo zasluzuva edno dete?Bez pricina, zatoa shto ima bolni umovi i ne razmisluvaat vo momentot, nashle...Posted by В. Ѓ. on Monday, June 23, 2025„Зарем вакво детство заслужува едно дете?Без причина, затоа што има болни умови и
Македонија | пред 11 месец
Навреди, шлаканици и закани – татко во Драчево повредил своја 4-годишна ќерка
Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против 28-годишен маж од Скопје, осомничен за семејно насилство врз неговата малолетна ќерка, родена во 2021 година. Настанот се случил во нивниот семеен дом во населбата Драчево.Според обвинителството, додека мајката приготвувала јадење, девојчето си играло со своите две сестри. Во моментот кога се качило на креветот за да земе играчки, таткото започнал да ја навредува, па ѝ удрил неколку шлаканици по лицето. Од ударите, девојчето добило наб
Скопје | пред 1 година