Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Македонија го утврди списокот за Стразбур: Професор и двајца адвокати во финална трка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryf9pjo66tau5leh8Z80A

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права го утврди списокот од тројца кандидати што ќе бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. Во конкуренцијата влегуваат професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска.

— реклама —

Членот на Комисијата и претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека одлуката е донесена врз основа на критериумите за висок морален углед, квалификации за вршење на судиска функција и признат правнички авторитет. Тој посочи дека мал број од пријавените кандидати ги исполнувале критериумите за судиска функција. „Професорот Георгиевски е признат како угледен стручњак, додека двајцата избрани адвокати имаат неспорно значајно искуство во областа на човековите права“, рече Костадиновски.

— реклама —

Гласањето било тајно. Двајца од кандидатите добиле по пет гласа, а еден четири. До крајот на неделата имињата ќе бидат испратени до Советот на Европа, кој ќе ја даде конечната оценка и ќе ја проследи листата до Парламентарното собрание на организацијата.

— реклама —

Ова е втор обид на државата да утврди кандидати за Стразбур. Претходната постапка пропадна бидејќи Владата не даде поддршка на ниту еден од предложените кандидати, што предизвика остри реакции во јавноста. Поранешната обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска, тогаш јавно ја критикуваше транспарентноста и законитоста на процесот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybahuhkisaegj2Kucp0I

Стразбур под засилени мерки: оружје откриено во близина на Божиќниот базар

Свет | пред 5 дена

akademik-10

Адвокатот Јанаки Митревски: „Не е победа на Јанкулоска, туку вообичаена процедура во Стразбур“

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryf9pjo66tau5leh8Z80A

Македонија ризикува нов срам во Стразбур: сомнежи за судир на интереси и обвинувања за нетранспарентен избор на судија

Македонија | пред 1 месец

media-librarylo0u20raemg6fHak8IO

Ристовска и Гајдова овојпат ги нема: Познати правници и судии во трката за македонски судија во Стразбур

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања