Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Македонија и Катар ќе ги продлабочуваат односите во областа на правосудството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarynsoe3qmsa6vi1dhhBRL

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вршителот на должноста во Амбасадата на Државата Катар, Рашид бин Саед Ал-Хајарин, на која биле разгледани можностите за унапредување на билатералните односи и проширување на соработката во правосудството.

— реклама —

Шасивари ја нагласил потребата од воспоставување директна соработка со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции. Меѓу приоритетните области ги посочил обуката на правните професионалци, борбата против корупцијата и финансискиот криминал, како и дигитализацијата на правосудниот систем.

— реклама —

Како основа за понатамошно унапредување на односите биле посочени политичките консултации одржани во Доха во јули 2026 година и потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на трудот во септември годинава.

— реклама —

На средбата, министерот изразил интерес за разгледување можности за техничка и финансиска поддршка на приоритетни проекти поврзани со реформите во правосудството, со цел договорената соработка да се преточи во конкретни активности и мерливи резултати.

Од Министерството за правда посочуваат дека целта е односите со Катар да се прошират надвор од дипломатскиот дијалог и да донесат конкретни придобивки за институциите и граѓаните на двете држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryravbhnc4rdvd4UniqCU

Шасивари: Довербата во правдата се заслужува со дела, а не со ветувања

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library68mf9b8cqud75WMldE8

Шасивари се сретна со министерот за правда на Конго на самитот во Истанбул

Македонија | пред 2 седмици

media-library1b7ho4ole0et7cpz73r

Шасивари се сретна со турскиот министер за правда Ѓурлек во Истанбул

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryr1iq6komiqqt4OiOET8

Шасивари: Европскиот пат не завршува со усогласување на законите – клучна е нивната имплементација

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања