Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Зошто Македонија ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library91ao9meerju69DKSvnn
screenshot instagram

Откако авионот „Боинг 737“ на „Рајанер“, со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец, безбедно се врати во Солун, многумина очекуваа Грција да ја води истрагата за инцидентот. Сепак, американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) соопшти дека назначил свој претставник за да ѝ помогне на Македонија, која официјално ја предводи истрагата.

— реклама —

Причината лежи во правилата на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), според кои безбедносната истрага ја води државата во чиј воздушен простор се случил сериозниот инцидент. Според досегашните информации, инцидентот со летот FR1879 се случил над Македонија, поради што токму таа е надлежна за постапката.

— реклама —

Во истрагата, покрај Македонија, ќе учествуваат и Грција, каде што авионот се наоѓа на технички преглед, Малта, како држава на регистрација и оператор на летот, САД преку NTSB како земја на производство на авионот, како и компаниите „Боинг“ и CFM International, производител на моторите.

— реклама —

Истражителите ќе ги анализираат податоците од црните кутии, техничката документација, оштетувањата на авионот и моторот, како и сите пронајдени делови, за да утврдат што точно довело до дефектот, оштетувањето на трупот и кршењето на прозорецот во патничката кабина.

Иако во постапката учествуваат повеќе држави и компании, конечниот извештај ќе го подготви и објави исклучиво надлежниот истражен орган на Македонија, согласно правилата на ICAO.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 3 дена

— реклама —
media-library8dj04sgisio52NpdMMr

„Рајанер“ најавува историски раст на цените на авионските билети во Европа – можно поскапување до 20 отсто

Свет | пред 1 седмица

media-libraryf40ntalvsmlu70fczrW

Дошол без долна облека и ги кренал нозете на седиштето: Патник на „Рајанер“ казнет со 200 евра

Свет | пред 1 седмица

media-librarykji0cv4e3l5n2E8et3t

Нов удар за патниците: „Рајанер“ се повлекува од уште еден аеродром

Патувања | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања