Промени тема
Контакт

Македонија со посебна билатерална агенда и прием кај Кралот Чарлс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
nikoloski-kosovo-1

Македонија го имаше ексклузивитетот да биде меѓу ретките земји со посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Вицепремиерот Александар Николоски во гостување на Радио Лидер истакна дека делегацијата од земјава, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, остварила серија значајни средби на највисоко политичко ниво, вклучително и прием кај Кралот Чарлс.

„Имавме голема чест покрај сите држави кои учествуваа на Берлинскиот процес, да имавме дводневна засилена билатерална агенда. Остваривме средба со министерот за економија и трговија, со кој го потпишавме договорот Влада со Влада. Тој е искусен министер, дел од кралското семејство, и поранешен министер за европски прашања во времето кога Македонија требаше да ги почне преговорите со ЕУ“, рече Николоски.

Според него, делегацијата имала состаноци и со претставници на британската агенција УКЕФ и Министерството за финансии, а најзначајниот момент бил двојниот состанок на Мицкоски со британскиот премиер Кир Стармер – прво тет-а-тет, а потоа и во неформален контекст.

— реклама —

„Најзначајното е тоа што премиерот Мицкоски и јас добивме покани од Кралот Чарлс. Не се случува тоа често во историјата на државата – првпат македонски премиер е поканет на прием во официјалната резиденција на британскиот монарх. Тоа беше огромна чест, пред сè за премиерот Мицкоски, но и за мене лично“, нагласи Николоски.

— реклама —

Тој додаде дека посебна чест за Македонија било и присуството на двајца македонски уметници меѓу малубројните поканети гости од Балканот, кои независно од владината делегација биле примени од Кралот.

„Ова е нешто што останува во историјата и ја позиционира Македонија на ново ниво, како резултат на мудрата и конструктивна политика на оваа влада“, изјави Николоски, потенцирајќи дека ваквиот пристап е континуитет на процесот започнат со средбите од мај и договорот Влада со Влада за стратешко партнерство со Велика Британија.

— реклама —

„Ова е само почеток на нова димензија во нашите односи. Бенефитите од ова граѓаните ќе ги почувствуваат во годините што следат,“ заклучи вицепремиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqtbviarmm6kc9q0VWAo

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryume37h0e4tda2shAPm6

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

Македонија | пред 6 дена

media-libraryujpsv7ro50dudbAhNfv

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Македонија | пред 1 седмица

media-library0aagao4f19jceFM2dfr

Николоски: Ветерни паркови, нов аеродром и когенеративни централи – храбро грабиме во 21 век

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања