Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Макрон призна: Не очекувавме толкави протести и немири во Франција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 56 минути -

Свет
media-librarycadgrn7r0d7a1k4bo8e

Францускиот претседател Емануел Макрон призна дека властите биле изненадени од масовноста на протестите и немирите на 17 октомври, поради што полициските сили не биле доволно подготвени да одговорат на ситуацијата.

„Воопшто не го очекувавме тоа. Седумнаесетти октомври не беше предвиден. Властите беа изненадени од толкавиот број припадници на ултралевицата кои се мобилизираа уште во раните утрински часови“, изјави Макрон за време на посетата на Марсеј, пренесува БФМ.

— реклама —

Тој призна дека полициските сили не биле соодветно распоредени, но нагласи дека државата и понатаму го одржува јавниот ред без воведување вонредна состојба.

— реклама —

Макрон оцени дека и следната сабота би можела да биде ризична, а најави дека протестните поворки ќе се движат надвор од градските центри. Тој најави и нови мерки наменети за средношколците, кои, како што рече, ќе бидат објавени во многу краток рок.

— реклама —

Францускиот претседател побарал од владата да одговори на оправданите барања што стојат во основата на актуелното општествено движење. При посетата на Марсеј, тој го пофали работењето на безбедносните сили за време на минатонеделните немири во градот и во другите делови на Франција.

Макрон пристигна во градското собрание на Марсеј околу пладне, каде што ја разгледа штетата предизвикана за време на насилствата на 17 октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1t2osmc3fu5k9vbQEFi

Едно лице загина, петмина повредени во вооружен напад во близина на Париз

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-libraryulcgkm0d9us934OuC9W

Франција се соочува со нов бран протести, владините мерки не ги задоволуваат синдикатите

Свет | пред 1 ден

media-library606dh2slja1t9W1PBaz

(Видео) Речиси 1.000 уапсени во Франција, Париз и натаму во судири – демонстрантите не се повлекуваат

Свет | пред 1 ден

media-library340vrkfgmr9laJRv4YO

Две лица тешко повредени на протестите во Франција, едното со сериозна повреда на раката

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања