Промени тема
Контакт

Манасиевски: 4 адвокати на Заев ги убедувале обвинителите од СЈО да се ослободат лица од притвор, СЈО како партиски штаб на СДС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryq5pgoculp1bh1rWSqfb

Сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО, се доказ за тоа како Зоран Заев го отвори правосудството како пупка. СЈО бил претворен во партиски штаб на СДС, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и СДС во тоа време ветуваа некаква вистина и правда за Македонија, но освен политички прогон, политичко монтирани случаи и изживување врз поранешни политичари, друго граѓаните не добија.

Обвинителката Кадриу, во интервју сведочи дека во еден момент, дури 4 адвокати на Зоран Заев, дошле во СЈО, да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч’’. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК, за да може предметот да биде работен од токму СЈО. Истиот овој предмет, потоа бил и донесен во СЈО, спакуван во некакви кутии и обвиен со заштитна фолија. Овој предмет требало да го работат обвинителките Ленче Ристоска и Лиле Стефановска. Толку бил влечкан овој предмет и обвинителките не оделе на рочиштата, што според обвинителката Кадриу, овој предмет ден денес ако го најдеме некаде се уште би бил во некоја заштитна фолија, ниту отворен, ниту разгледан.

— реклама —

Дополнително, обвинителката Кадриу сведочи дека во уште минимум два предмети, додека таа била во СЈО, биле политички монтирани. Едниот е случајот за кој беше обвинета поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, а другиот е случајот со Нешковски, случај со кој СДС излажа многу граѓани, ветуваше некаква вистина, за на крај да излезе дека нема никаква институционална одговорност.

Почитувани граѓани,

— реклама —

Заев и СДС тогаш беа спремни да направат се само за да дојдат на власт и успеаја во намерите. Го лажеа својот народ и му ветуваа приказни, кои и ден денес се потврдуваат дека се лажни. СЈО и Катица Јанева беа користени само за Зоран Заев и СДС да дојдат на власт. По нивното искористување, сите знаеме како заврши таа приказна.

— реклама —

Затоа, го повикуваме ЈО да покаже дека се ослободило од канџите на Зоран Заев и СДС, и да ги истражи овие сведоштва на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, за вистината конечно да излезе на виделина“, додава тој.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryktns2p23d9veeNqs2AO

(Видео) Манасиевски: За кубење коса 4 години, за 150 ќебапи 3 години, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут, одговорност нема

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library06jemom7fgj18UtLpxf

(Видео) „Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ“, вели Манасиевски

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhh1lcbl0a2blb00dPL3

Манасиевски по кривичната пријава од СДСМ: „Наместо одговор, решија да се занимаваат со тоа од каде сум ги добил информациите“

Македонија | пред 1 месец

media-librarydoq7fot8tn5haIZjFCA

(Видео) Манасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања