Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Манасиевски: Филипче ја составал техничката спецификација и немал елаборат за електрична енергија за модуларната болница во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Откако минатата година низ серија прес-конференции насловени како „Афера – Провизии кои чинат животи“ ја истакнавме инволвираноста на Филипче како тогашен министер за здравство во трагедијата во која живи изгореа 14 наши сограѓани, за која Коцевски цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во некоја од неговите фиоки, деновиве поранешната обвинителка Лејла Кадриу исто така потврдува дека работата е забошотена, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

„Имено, Кадриу вечерта на кобната трагедија била повикана како јавен обвинител да помогне во истрагата, а по неа дошол и тогашниот ДЈО Јовевски, кој со свои двајца обвинители се приклучил во истрагата, за кои според обвинителката Кадриу, имале обврска да ја држат работата под контрола.

Имено, Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територијата на цела Република Македонија, и како што вели Кадриу, околу 30 милиони евра биле обезбедени за изградба на истите овие објекти.

Филипче кој инаку е познат по својот сенс за криминал и корупција, ја искористил шансата веројатно, да направи модуларни болници за кои тој лично ја скроил техничката спецификација.

— реклама —

Во истрагата обвинителката Кадриу, вели дека во свои разговори со останати лица, градбата на модуларната болница, била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5 до 6 евра. Додека пак, оние подобрите и поквалитетните, како на пример панели со камена волна кои не горат и до 40 минути, чинеле околу 17 евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници кои Филипче ги изгради чинеле околу 300.000 евра, сите заедно, а биле обезбедени за оваа намена 30 милиони евра. Каде заминале овие пари и во чиј џеб завршиле, никој нема одговор. Можеби Филипче го има и се наоѓа во некоја акција во индиска авиокомпанија, стан во Дубаи или пак некоја фирма во Бугарија.

За жал, трагедијата во Тетово во која загинаа 14 наши сограѓани, можела да биде и спречена доколку Филипче потпишал минимум технички спецификации и ако направил елаборат за електрична енергија, со кои не би дошло до спој во електричната енергија и доколку панелите биле малку поскапи и подобри, можеби и ќе се избегнел пожарот. Но, Филипче по се изгледа алчен за парите, искористил минимум од обезбедените средства.

— реклама —

Згора на се, ова можеби би било спречено и доколку Филипче ја прифател понудата на тогашниот медицински директор во тетовската болница, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата кои биле слободни во истоимената болница каде тие биле оставени така празни. Филипче ова го одбил поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени.

Почитувани граѓани,

— реклама —

Сведоштвото на обвинителката Лејла Кадриу, вели дека вистинските виновници не се зад решетки. Оние кои велеле дека не треба да има модуларна болница и нуделе други решенија, сега се осудени, за жал само по 3 години, а вистинскиот виновник денес води политичка партија во опозиција.

Утре продолжуваме со нови информации и за тоа зошто обвинителката Кадриу била суспендирана баш поради овој случај“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5t9hdf77qciufeN6I2C

(Видео) Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

Македонија | пред 1 ден

media-libraryfdb9bd4kkmp8fmHDNTc

„Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години“, вели Манасиевски

Македонија | пред 5 дена

media-librarysa2pb6lc2dio9BToxsW

(Видео) Манасиевски: Граѓаните се труеле со години, а СДС и Филипче молчеле иако добиле анализи од приближно 400 испитувања за загадена вода

Македонија | пред 6 дена

media-librarygg6kglk5vhgad0vx4Jo

(Видео) Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања