Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ со Калиопи: 50 години под рефлекторите, животот на сцена, Македонија, колегите

Марта Кос: Западниот Балкан е клучен за поврзувањето на Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Балкан
Marta-Kos

Бугарија има стратешка улога во поврзувањето на Европа со регионот на Црното Море и Турција, оцени еврокомесарката за проширување Марта Кос на меѓународната министерска конференција за Коридорот VIII во Софија.

„Работиме на подобро поврзување на луѓето за иднината. Бугарија е портата кон Европа за регионот на Црното Море и Турција. Западниот Балкан има клучна улога во поврзувањето тука“, рече Кос.

— реклама —

Таа посочи дека во моментов во Западниот Балкан се спроведуваат повеќе од 130 проекти, кои опфаќаат изградба на нови патишта и железници, како и унапредување на граничните премини.

Кос нагласи дека визијата на Европската Унија не се однесува само на развојот на инфраструктурата, туку и на идното интегрирање на регионот.

— реклама —

„Верувам дека еден ден целиот Западен Балкан ќе биде дел од нашата Европа“, рече еврокомесарката.

— реклама —

Според неа, со идното интегрирање на регионот во Европската Унија, граничните премини и патиштата нема да имаат исто значење како денес, бидејќи земјите ќе бидат дел од „една Европа што работи заедно“.

„Тоа е визијата на која работиме во Брисел, тука во Софија, во Западниот Балкан и, секако, во земјите-членки“, додаде Кос.

Еврокомесарката е во работна посета на Бугарија и учествува на меѓународната министерска конференција за Коридорот VIII во Софија. Домаќин на конференцијата е бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова.

За време на посетата е предвидена и средба на Кос со бугарскиот премиер Румен Радев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Marta-Kos

Еврокомесарката Марта Кос за Македонија: Мора да го променат својот Устав за да го продолжи пристапниот процес кон ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
Marta-Kos

Кос: Снимките од погребот на Младиќ се вознемирувачки и покажуваат неуспех во соочувањето со минатото

Балкан | пред 3 седмици

Marta-Kos

СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

Македонија | пред 1 месец

Marta-Kos

Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања