Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Младиќ – поради истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
Marta-Kos

СДСМ реагира дека откажувањето на посетата на Србија од страна на европската комесарка за проширување Марта Кос поради величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ е јасна порака дека таквото однесување е неспоиво со европските вредности.

— реклама —

„Величењето што ја придружува неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се гради патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, напиша Кос на мрежата X.

— реклама —

Од СДСМ велат дека истата политика, според нив, се спроведува и во Македонија, обвинувајќи го премиерот Христијан Мицкоски дека ги заштитил министерот Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ по нивните ставови поврзани со Младиќ.

— реклама —

„Нема оставки. Нема разрешувања. Нема одговорност. Мицкоски свесно одлучи да ги заштити“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека ваквата политика, според нив, ја оддалечува Македонија од Европската Унија и ја обвинуваат Владата за „намерна изолација, антиевропска кампања и одработување за руската агенда“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Marta-Kos

Марта Кос: Слободата на медиумите, правата на ЛГБТИ-заедницата и локалната демократија во Турција дополнително го продлабочува јазот меѓу Анкара и Европската Унија

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
Marta-Kos

Марта Кос: Западниот Балкан е клучен за поврзувањето на Европа

Балкан | пред 2 седмици

Marta-Kos

Еврокомесарката Марта Кос за Македонија: Мора да го променат својот Устав за да го продолжи пристапниот процес кон ЕУ

Македонија | пред 1 месец

Marta-Kos

Кос: Снимките од погребот на Младиќ се вознемирувачки и покажуваат неуспех во соочувањето со минатото

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања