Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Маж застрелан во Барселона, шпанските медиуми тврдат дека е српски државјанин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
kokain

Маж е убиен во престрелка што се случила синоќа во Барселона, а според шпанските медиуми постојат индиции дека жртвата е српски државјанин.

Според информациите објавени од локалните медиуми, нападот се случил во неделата околу 21 часот, во внатрешниот двор на станбена зграда во населбата Зона Франка. Напаѓачот, кој бил облечен во црна облека, наводно испукал неколку куршуми во грбот на мажот, по што избегал од местото на настанот.

— реклама —

И покрај брзата реакција на соседите, медицинските екипи и припадниците на каталонската полиција, животот на повредениот не можел да биде спасен.

— реклама —

По инцидентот, полицијата го блокирала поширокото подрачје и започнала потрага по напаѓачот, но засега нема информации за приведени лица.

Шпанските медиуми наведуваат дека ова е втор вооружен инцидент во истиот кварт во последните неколку недели. Поради зачестените случаи на насилство, дел од жителите неодамна организирале протести, барајќи поголема безбедност и поефикасно полициско присуство.

— реклама —

Идентитетот на убиениот сè уште не е официјално потврден, но полициски извори, според локалните медиуми, посочуваат дека станува збор за лице кое најверојатно е државјанин на Србија.

— реклама —

Истрагата за мотивите и околностите на убиството е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvcjhvpm1ppcnaO2r4ln

(Видео) Генералниот штрајк во Шпанија заврши со судири, пожари и ограбени продавници

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-librarygsta2uk90qan3gvYwnl

(Видео) Шпанија парализирана: Четири милиони работници на генерален штрајк, судири со полицијата и десетици приведени

Свет | пред 1 ден

media-libraryaul2tl106a902NwdXGY

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во Шпанија, можеби било скриено повеќе од 20 години

Свет | пред 4 дена

media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања