Промени тема
Контакт

Маж загина додека гасел пожар во Босна и Херцеговина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Балкан
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA
screenshot x

Големите пожари и натаму се активни во повеќе делови на Босна и Херцеговина, а во еден од пожарите кај Тешањ загина 77-годишен маж кој, според првичните информации, се обидувал сам да го изгасне огнот.

Неговото тело било пронајдено од пожарникарите за време на интервенцијата на пожар на ниска вегетација. Околностите за неговата смрт сè уште се утврдуваат.

Во меѓувреме, пожарникарите со недели се борат со огнените стихии низ земјата. Ситуацијата ја отежнуваат високите температури, сувото тло и долгото отсуство на врнежи.

— реклама —

Особено сериозна е состојбата во подрачјата во близина на границата со Хрватска. Активен е пожарот кај Босанско Грахово, на планината Рисовац, каде што е зафатено големо шумско подрачје. Во гаснењето, поради близината на границата, се вклучени и хрватски канадери.

— реклама —

Голем пожар беснее и на Пљешевица кај Бихаќ. Теренот е непристапен и мински сомнителен, па во гаснењето е ангажиран и хеликоптер на Вооружените сили на БиХ.

Тешка е состојбата и кај Иванца, во близина на Дубровник, каде што пожарот се приближил до хрватската граница. Во гаснењето учествувале и пожарникари од Дубровник и Жупа Дубровачка.

— реклама —

Пожари се активни и во подрачјата на Цазин, Пале-Прача, Невесиње и Коњиц, како и во околината на Мостар и Чапљина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhas25pg938mi84AC6uh

Во Хрватска условно осуден државјанин на БиХ поради величење на Ратко Младиќ на социјалните мрежи

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjgngniqbodj76Y8PcUA

Голем пожар во Босна и Херцеговина: Хеликоптер исфрли 22.000 литри вода

Балкан | пред 2 седмици

Dodik-1

Уставниот суд на Босна и Херцеговина го одби барањето на Додик за укинување на законот по кој беше осуден

Балкан | пред 2 месеци

dodik

Додик: Босна и Херцеговина е пропадната земја, Србите не сакаат да живеат во неа

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања