Промени тема
Контакт

Мерц: Германија подготвена за мисија во Ормутскиот теснец, но по завршување на војната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија е подготвена да се вклучи во меѓународна мисија за обезбедување на Ормутскиот теснец, но само по завршување на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

„Сакам да испратам јасен сигнал дека сме подготвени да помогнеме. Но за тоа да се случи, борбите мора да престанат“, рече Мерц во пресрет на самитот на Европската Унија во Брисел.

Тој нагласи дека евентуалното учество на Германија би било можно само со меѓународен правен мандат.

— реклама —

Мерц ја поздрави и, како што рече, подготвеноста на американскиот претседател Доналд Трамп за деескалација на конфликтот.

„Особено сум благодарен што беше испратен сигнал дека постои волја за прекин на борбите“, изјави тој, додавајќи дека таков исход би зависел и од потезите на Иран – вклучително и откажување од нуклеарната програма и прекин на нападите во регионот.

Според него, доколку во наредните денови се постигне напредок, тоа би значело дека ситуацијата се движи во позитивна насока, но предупреди дека предизвиците ќе останат долгорочни.

— реклама —

Германија, додаде Мерц, останува во постојан контакт со партнерите од регионот и земјите од Персискиот Залив во врска со развојот на ситуацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц се закани по обидот за напад со дрон во Лајпциг: „Ќе платат за тоа“

Свет | пред 1 седмица

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германија наскоро ќе открие кој стои зад обидот за напад со дронови во Лајпциг: Мерц порача „ќе платат“

Свет | пред 1 седмица

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц тоне во негативата: Германскиот канцелар со најлош рејтинг досега

Свет | пред 2 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар Мерц направи кадровски промени во Владата

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања