Промени тема
Контакт

Мерц: Нацистичкото минато не ни дозволува соработка со крајната десница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нацистичкото минато на Германија не дозволува соработка со крајнодесничарски политички сили, предупредувајќи на растот на екстремната десница во земјата.

Говорејќи на бизнис-конференција во Берлин, Мерц ја отфрли можноста за соработка со партијата „Алтернатива за Германија“ (АфД), која според дел од анкетите бележи раст на поддршката и ја надминува неговата конзервативна ЦДУ.

Канцеларот потсети на улогата што ја имала ЦДУ во обновата на Германија по Втората светска војна и се осврна на првиот повоен канцелар на Западна Германија, Конрад Аденауер.

— реклама —

„АфД сака да се врати во времето пред Аденауер. Со Аденауер успеавме да ја оставиме зад нас Германија од ерата на фашизмот. Јас нема да ја водам Сојузна Република Германија, ниту мојата партија, назад во времето пред Аденауер“, порача Мерц.

— реклама —

Осврнувајќи се на економските предизвици, германскиот канцелар истакна дека не очекува нагол економски подем кој веднаш ќе ги реши сите проблеми, но најави сеопфатни реформи во здравствениот, даночниот и пензискиот систем во текот на оваа година.

Мерц нагласи дека неговата влада има обврска повторно да покаже дека демократските институции функционираат ефикасно, признавајќи дека кај дел од граѓаните постои оправдано разочарување поради бавното носење одлуки.

— реклама —

„Свесен сум за тоа и за големината на задачата што е пред нас“, изјави германскиот канцелар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц по победата на AfD: „Потресени сме до темел“

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц се закани по обидот за напад со дрон во Лајпциг: „Ќе платат за тоа“

Свет | пред 2 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германија наскоро ќе открие кој стои зад обидот за напад со дронови во Лајпциг: Мерц порача „ќе платат“

Свет | пред 2 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц тоне во негативата: Германскиот канцелар со најлош рејтинг досега

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања