Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Мерц тоне во негативата: Германскиот канцелар со најлош рејтинг досега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Поддршката за германскиот канцелар Фридрих Мерц продолжува да опаѓа, покажува најновото истражување спроведено за германската телевизија ZDF. Неговиот рејтинг достигна најниско ниво досега, додека опозициската АфД би била прва доколку изборите се одржат следната недела.

На скалата од +5 до -5, Мерц добил просечна оценка од -1,9, што е негов најслаб резултат откако се спроведува истражувањето. На крајот на јули неговата оценка изнесувала -1,5.

— реклама —

На врвот на листата на највлијателни германски политичари и натаму е министерот за одбрана Борис Писториус од СПД, со оценка од 1,3. Вицеканцеларот и лидер на СПД, Ларс Клингбајл, останува во негативната зона со -0,6.

— реклама —

На дното се наоѓа копретседателката на АфД, Алис Вајдел, со оценка од -2,5.

Истражувањето покажува и значителна недоверба во рамките на партијата на Мерц. Дури 80 отсто од испитаниците сметаат дека ЦДУ не стои целосно зад својот лидер, а истото мислење го делат и 67 отсто од симпатизерите на партијата.

— реклама —

Во случај изборите да се одржат следната недела, АфД би освоила 27 отсто од гласовите и би останала на првото место. ЦДУ би добила 22 отсто, што значи дека двете партии бележат пад од по еден процентен поен во споредба со истражувањето од крајот на јули.

Зелените, пак, се зголемиле за еден процентен поен и сега имаат 14 отсто поддршка. СПД останува на 12 отсто, колку што има и Левицата.

Истражувањето го спровел институтот „Вален“ од 17 до 19 август, телефонски и преку интернет, на примерок од 1.319 избирачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар против соработка со АфД: „Немаат место меѓу нас“

Свет | пред 42 минути

— реклама —
media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц: Црна Гора би можела да стане 28. членка на ЕУ во 2028 година

Балкан | пред 1 ден

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц од Киев до Путин: „Запрете ја оваа бесмислена војна, подготвени сме за разговори“

Свет | пред 2 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц повторно под притисок: Германците гласаат во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања