Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Миа Костова: Недостаток на внимание од дома создава проблематично однесување кај децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Коментари
media-libraryr0b2pqf7eutee8m2pRm

Инфлуенсерката Ина Многуфина со остар став се вклучи во јавната дебата по случајот со малтретирањето на малолетничка во Ѓорче Петров, посочувајќи дека коренот на ваквото однесување лежи во семејното воспитување.

„Па искрена да бидам, да имаш 12 години и да ти текне да раниш некој со гомна и да го гориш со цигари значи дека превише никој не го заболе за тебе дома“, напиша Многуфина.

— реклама —

Таа критикува дел од современите пристапи во родителството, оценувајќи дека, според неа, тие се користат како изговор за недоволно внимание кон децата.

„И манете ме со ‘насилство раѓа насилство’. Нема никакво насилство во една заушка која следен пат ќе ја памтиш“, вели таа.

— реклама —

Во објавата, Многуфина дополнително посочува дека проблемот не е само во насилството, туку и во односот на децата кон него, особено кога тоа се снима и се споделува.

„Да снимаш и да се радуваш на туѓа агонија е врв на безобразлук, немање љубов а ни страв од последици“, додава таа.

— реклама —

Нејзиниот став предизвика поделени реакции на социјалните мрежи – дел од јавноста се согласи со критиката за недостиг на граници во воспитувањето, додека други предупредија дека оправдување на физичко казнување не е решение и може дополнително да го продлабочи проблемот со насилството кај младите.

Случајот во Ѓорче Петров и натаму е во фокусот на институциите, а јавната дебата се проширува и на прашањето за улогата на родителите, училиштата и системот во спречување на вакви појави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Децата жртви во судските евиденции зголемени за 118 отсто, прекршоците за 54 отсто – што открива извештајот за 2025 година

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryvnug5cfs0cg1aZt7kjt

„Петмина тепаат едно дете и снимаат“: Вознемирувачко сведоштво од Тетово

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryrms9boiacf7s6ISXPUl

(Видео) „Кој ќе влезе во кругот, добива ќотек“ – мајката на претепаното дете од Влае откри што се зборува за плоштадот „Делфина“

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymrpk8987q3h55QdOcks

(Видео) „Како не ти е срам?“ – мајката на претепаното дете од Влае раскажа како реагирала мајка на едно од децата по пријавата во полиција

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања