Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан, вели Димитријевиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarytc3o96cgcrjifz3cHIb

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција оцени дека постои забрзана динамика кон распишување предвремени избори, за што, според него, причината е стравот од можни истраги и политички последици во регионот.

— реклама —

Тој изјави дека со политичките промени во Унгарија се отвораат процеси кои, како што рече, би можеле да доведат до пошироки истраги за бизнис и политички врски во регионот, споменувајќи мрежи поврзани со унгарскиот премиер Виктор Орбан и други регионални лидери.

— реклама —

Димитријевиќ обвини дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема конкретни резултати по две години владеење, наведувајќи економски проблеми, пад на инвестициите, раст на јавниот долг и влошување на животниот стандард.

Според него, економските ветувања не се исполнети, додека граѓаните, како што рече, се соочуваат со зголемени трошоци за живот и намалена куповна моќ. Тој посочи и на, според СДСМ, негативни трендови во вработеноста и индустријата.

— реклама —

Во политичкиот дел од обраќањето, Димитријевиќ ја обвини власта дека создава тензии и политички конфликти за да го прикрие, како што рече, неуспехот во економските политики и исполнувањето на ветувањата.

— реклама —

СДСМ порача дека останува посветена на враќање на државата на, како што наведоа, „вистинскиот пат“, со фокус на економски развој, правда и подобар животен стандард.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4ej5g05e0o6q6bvmDEQ

(Видео) Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 34 минути

— реклама —
media-library0e0ffsp9ar6m1mivsY1

Димитријевиќ : ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, пензионерите мора да бидат заштитени

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3kmk2fhloa01Nz2SuL

(Видео) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr4jsjts59d4d2dQEGgq

(Видео) Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања