Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Мицкоски излажа за Алта банка на надзорна расправа – Обвинителството да реагира, вели Димитријевиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 34 минути -

Македонија
media-library693p1ivab3eofIgJUkn

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, го повика Јавното обвинителство да го испита настапот на премиерот Христијан Мицкоски на вчерашната надзорна расправа во Собранието, обвинувајќи го дека изнел неточни информации за случајот со „Алта банка“.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Димитријевиќ рече дека Мицкоски ја довел јавноста во заблуда преку, како што наведе, невистини и манипулации со документи, со цел да ја избегне сопствената одговорност. Според него, премиерот пред пратениците не сакал да го покаже документот за кој зборувал, а СДСМ во тој момент го штител државниот интерес.

— реклама —

Димитријевиќ се осврна и на кривичните пријави што гувернерот Славески ги поднел против претседателот и членови на СДСМ. Тој оцени дека со тоа гувернерот ги исполнува наредбите на Мицкоски и ја обвини власта дека применува методи слични на оние од времето на Груевски и Вучиќ.

— реклама —

„Нема да се уплашиме, нема да нè замолчат“, порача Димитријевиќ, повикувајќи ја Народната банка да се посвети на својата работа и на проблемите на граѓаните, вклучително и на пензионерите кои, како што рече, не можат да си ги подигнат сопствените пари.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4ej5g05e0o6q6bvmDEQ

(Видео) Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0e0ffsp9ar6m1mivsY1

Димитријевиќ : ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, пензионерите мора да бидат заштитени

Македонија | пред 1 седмица

media-librarys3kmk2fhloa01Nz2SuL

(Видео) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr4jsjts59d4d2dQEGgq

(Видео) Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања