Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Мицкоски ги собира лидерите: техничката влада, реформските закони и изборните правила на маса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
13032025-Mickoski-1

Укинувањето на техничката влада, реформите во правосудството и изборните правила ќе бидат во фокусот на лидерската средба што утре ќе се одржи во Клубот на пратениците, на иницијатива на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата се поканети лидерите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи, а покрај укинувањето на техничката влада, најавено е отворање на разговори и за Изборниот законик, изборот на народен правобранител, како и пакетот реформски закони од областа на правосудството. Дневниот ред, според најавите, може да биде дополнет и со други теми предложени од учесниците.

— реклама —

Од опозициските партии, засега учество потврди само Левицата, додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, уште на старт го одби повикот за лидерска средба, обвинувајќи дека власта бара оправдување за предвремени избори.

— реклама —

Од владејачката коалиција, на состанокот се очекува претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, како и претставник од коалицијата „Вреди“, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Коалицијата „Вреди“ најави дека ќе присуствува со својот лидер Касами и координаторот на пратеничката група, Беким Ќоку.

— реклама —

ДУИ допрва треба да донесе одлука дали нејзиниот лидер Али Ахмети ќе учествува на средбата, по денешната седница на Генералниот совет на партијата, на која се разгледуваат актуелните политички состојби и внатрепартиски прашања.

Левицата најави дека ќе ја поддржи идејата за укинување на техничката влада, но само доколку се воведе една изборна единица. Пратеникот Амар Мециновиќ оцени дека е време да се отвори конструктивен дијалог за клучните државни прашања.

Поддршка за лидерската средба изразија и ЛДП и ДОМ. Од ЛДП порачаа дека се подготвени за разговор, но не само за техничката влада, туку и за суштинските проблеми кои директно го засегаат животот на граѓаните. ДОМ, пак, повика на поширока агенда што би опфатила една изборна единица и отворени листи без изборен праг.

Премиерот Мицкоски најави дека средбата треба да се одржи пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос и порача дека уставни и системски промени, како укинувањето на техничката влада, не треба да се носат без широк политички консензус.

Откако СДСМ го одби учеството, Мицкоски оцени дека очекувал поголема политичка зрелост и нагласи дека власта има доволно пратеници за укинување на техничката влада, но дека сакала процесот да биде инклузивен и да се отвори поширока дебата за клучните закони и европските реформи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryc04a59qnuu2adj61Zf9

Ние сме спремни да настапиме на избори, кога и да се случат, а ќе има предвремени, вели Филипче

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

(Видео) Заклучоци од лидерската средба: „Техничката влада треба да замине во минатото, но укинувањето нема да важи за следните избори“

Македонија | пред 3 месеци

apasiev-sobranie

Апасиев: Немаме проблем да ја укинеме Пржинската влада, нас ни е сеедно кои се на власт, ние секако го ,,јадеме стапот”

Македонија | пред 3 месеци

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Петорка на заедничка маса без Филипче и Зајкова, Минчев, наместо Димитриевски и Касами без Меџити

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања