Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Македонија има сериозни слабости во сајбер-безбедноста, ќе градиме нов центар за податоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Македонија планира изградба на нов примарен центар за податоци со кој треба значително да се зајакне сајбер-безбедноста и отпорноста на јавните институции. Премиерот Христијан Мицкоски признава дека сегашната дигитална инфраструктура има сериозни слабости поради наследениот систем.

„Нашата архитектура не е многу погодна. Тоа е товар и наследство од минатото“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека државата има секундарен, односно резервен центар за податоци, но нема примарен центар што би ги опфатил сите јавни институции, а по потреба и приватниот сектор.

— реклама —

Поради тоа, институциите во голема мера самостојно ја обезбедуваат својата дигитална инфраструктура, што, според премиерот, отвора широк простор за потенцијални сајбер-напади.

Во рамките на реформската агенда со Европската Унија, Владата планира изградба на примарен центар за податоци кој ќе биде поврзан со постојниот секундарен центар за опоравување, како и со облак-систем кој би претставувал дополнително ниво на заштита.

— реклама —

Мицкоски очекува проектот да започне на почетокот на следната година. Финансирањето, како што посочи, ќе биде обезбедено преку грантови и поволен заем со ниска каматна стапка, чија отплата би започнала од 2035 година.

— реклама —

„Имаме план за нова архитектура. За жал, таа архитектура не постои во моментов, но сме позитивни и ќе го следиме планот. Сигурен сум дека наскоро ќе бидеме многу поотпорни отколку што бевме во минатото“, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека сајбер-безбедноста има особено значење за земја членка на НАТО, бидејќи, како што рече, безбедноста на целата Алијанса зависи и од отпорноста на секоја од нејзините членки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски од Германија: Ги продлабочуваме економските врски, целта се нови инвестиции

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски по изборите во Брвеница: Растот е јасен, но недоволен за целосна победа

Македонија | пред 1 ден

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 3 дена

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања