Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мицкоски: Македонија ја има најкриминалната и најкорумпираната влада во Европа, каде што кланови владеат, а нивните семејства стекнуваат милионски имот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mickoski-1

Не треба нас некој друг да ни кажува дека има криминал во Македонија, тоа го чувствува секој еден граѓанин. Кога ќе го прашате ќе ви каже дека, за жал, Македонија е нај криминалната држава, за жал Македонија е држава каде што кланови владеат. Гледате неколку фамилии во Македонија кои што се дел од највисоките раководства на политичките партии од власт, стекнуваат милионски имот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од Гази Баба во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“ запрашан од новинарите за црната листа на САД на која што е ставен градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.

— реклама —

Мицкоски додаде дека такви се примерите кои што последниве месеци ги гледаме и сведочиме за истите, последниот случај со деловниот центар Соравија, претходно дуќани во центарот на Скопје, хотели и така натаму.

— реклама —

„Така што, ние не можеме при очи слепи да се правиме и при уши глуви, тоа што го прави најкриминалната и најкорумпираната влада во Европа сите ние го чувствуваме. Ова што пристигна од Стејт Департментот е само потврда на тоа што ние го чувствуваме. Градоначалник и дел највисокото раководство на политичката партија Демократска Унија за Интеграција е ставен на таа црна листа поради тоа што тие имаат докази, барем јас така го сфатив она соопштение во јавноста, дека има голем криминал позади него, но и дека влијаел во судството и врз носење на судски одлуки. Единствен кој што го брани Рамиз Мерко е Димитар Ковачевски, дури и самата ДУИ молчи. Единствен кој што го брани е Димитар Ковачевски“, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски посочи, се додека оваа мафија не ја исчистиме од корен, на Македонија нема да и тргне напред и нема да имаме надеж и континуирано Македонија ќе ни се празни, и ќе се иселува.

— реклама —

„Како идна влада, влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме пред граѓаните дека оваа мафија во која што идеално кохабитираат политичари и криминалци, ќе биде во корен исчистена“, истакна тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykr55q9kififhdQgNO2P

Стружанецот што го навредуваше Мицкоски во Ташмаруништа ќе одговара за насилство

Македонија | пред 1 ден

media-library8u2v229lbqr5bTPlu2n

Фрчкоски: Владата слави, граѓаните се соочуваат со проблеми

Македонија | пред 1 ден

media-library3a0ccpos32jk90uLdhb

(Видео) Мицкоски: Новиот социјален станбен објект во Дебар ќе обезбеди дом за семејства во социјален ризик

Македонија | пред 4 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

Мицкоски: Ова нема така да заврши, ќе следи истрага за случајот со Борче Марковски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања