Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски најави ново намалување на цената на бензинот и дизелот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library2pnult34j92r4puAdC6

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ново намалување на цените на безоловниот бензин и дизелот, повикувајќи се на следењето на движењата на светските берзи.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека државата води паралелна евиденција на цените и очекува во текот на денот повторно да има намалување на цените на горивата.

— реклама —

Тој посочи дека Македонија и понатаму има едни од најниските цени на дизелот и безоловниот бензин од 95 и 98 октани, при што горивата, според него, се поевтини за околу 25 до 50 центи по литар во споредба со соседните земји.

— реклама —

Мицкоски рече дека одржувањето на цените на ова ниво има финансиски трошок од околу 7 до 8 милијарди денари. За да се усогласат овие трошоци со останатите буџетски потреби, најави ребаланс на буџетот, чија процедура очекува да заврши во текот на месецот.

— реклама —

„За нас прв приоритет е стандардот на граѓаните“, рече Мицкоски, додавајќи дека во услови на конфликти и војни во светот Владата се обидува да ја одржи стабилноста на цените и поволна средина за инвестиции и економски развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaminolb5mga0ffPLaUG

Мицкоски од Берлин: Македонија активно учествува во меѓународниот дијалог за глобалните предизвици

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library7b9vpu7aracq1wPP05W

Мицкоски од Берлин: Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

Македонија | пред 17 часа

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: По речиси две и пол години стигнавме до точка нула, сега очекувам раст

Македонија | пред 5 дена

media-libraryfpabdvbejpko3qcYIBV

Мицкоски најави лидерска средба во декември: Владата е најстабилна во регионот

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања