Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски најави „убава вест“ за брзите кредити, ќе се менуваат правилата на „игра“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 36 минути -

Македонија
media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во наредните денови Владата ќе соопшти нови информации поврзани со финансиските друштва што одобруваат брзи кредити. Тој не откри какви конкретни мерки се подготвуваат, но порача дека станува збор за вест што ќе биде добра за граѓаните.

Одговарајќи на новинарско прашање за законските решенија поврзани со брзите кредити и нелегалните агенции за наплата, Мицкоски рече дека засега не сака да открива детали.

— реклама —

„Ќе имаме деновиве една, би рекол, убава за граѓаните вест кога станува збор за овие финансиски институции коишто се даватели на вакви услуги, односно брзи кредити“, изјави премиерот при посетата на Делчево.

— реклама —

Тој посочи дека информациите ќе бидат соопштени во координација со надлежните институции.

„Сега во овој момент би се воздржал од било каков коментар, но заедно со Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија и труд, многу скоро денеска ќе ги информираме граѓаните со една убава, убава вест“, рече Мицкоски.

— реклама —

Премиерот не прецизираше дали најавата се однесува на законски измени, инспекциски контроли или други мерки за регулирање на работењето на финансиските друштва и наплатата на побарувањата.

— реклама —

Засега останува отворено и прашањето дали најавените активности ќе се однесуваат на постојните корисници на брзи кредити или на условите под кои ќе се одобруваат нови заеми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Клуч на финансиско друштво за брзи кредити, се затвораат околу 40 филијали: Министерството за финансии му ја одзема лиценцата

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
pari

Илјадници граѓани преплатиле трошоци за брзи кредити

Македонија | пред 10 месеци

media-library0p9i96h5dqjqcZ3jPpN

(Фото) „Уловен“ од камерите! Уапесен крадец на филијали за брзи кредити

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања