Промени тема
Контакт

„Мицкоски пак го копира Вучиќ - сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување“, вели Штерјова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-librarytvfpffdkah97b7qm19U

На денешната прес-конференција, портпаролката Кети Штерјова денеска обвини дека најавата на премиерот Христијан Мицкоски за отворање бесплатна телефонска линија за пријавување корупција е директно преземена од актуелната кампања што се спроведува во Србија.

Штерјова изјави дека станува збор за „copy-paste“ потег, кој, според неа, доаѓа само неколку дена по сличната иницијатива во Србија.

„Сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување“, рече Штерјова, додавајќи дека СДСМ претходно предупредувала дека Владата ќе продолжи да ги презема потезите на српските власти.

— реклама —

Таа посочи дека во Србија, според неа, голем број граѓани преку платформата за пријавување корупција го пријавиле претседателот Александар Вучиќ, а во Македонија, како што рече, „линијата за пријавување веќе постои“ преку веб-страницата Micko.mk.

— реклама —

Штерјова ја обвини Владата и за, како што рече, влијание врз Обвинителството, повикувајќи се на забелешките во извештаите на Европската комисија за состојбата во правосудството, во кои се нотираат недостаток на реформи, мешање во судството и обвинителството, широко распространета корупција и проблеми во јавните набавки.

Во обраќањето, таа се осврна и на медиумската состојба, тврдејќи дека во Македонија се зголемува влијанието на медиуми поврзани со Србија и Унгарија, при што оцени дека тоа води кон поголема концентрација на медиумската моќ.

— реклама —

„Мицкоски, ова веќе е премногу. Копирањето на Вучиќ станува смешно“, порача Штерјова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryh45kqr0bu2t579nAP3x

(Видео) Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа - Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда

Македонија | пред 2 часа

media-libraryfr1fcrhlr0hraPAew77

(Видео) Штерјова: Власта задоцни и со превенцијата од западно-нилска треска – повторно го стави здравјето на граѓаните во ризик

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqga8gdaq1i8oanQo8LG

(Видео) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што, по налог на Мицкоски, ги нападнаа младите во Ново Село

Македонија | пред 3 седмици

media-library3r05h18r0fc0a93VVWU

Штерјова праша какви финансиски дубари се кријат зад Лајка фест

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања