Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ рационално се насочува и кон домашни проекти и кон меѓународна репутација на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

На поткастот „На кавга со Иван“ што се емитува на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој зборуваше за повеќе теми од кои фокусот го стави на многуте остварени локални проекти од страна на Владата, но и на евроинтегративниот процес како актуелна тема.

— реклама —

„Прво сметам дека не е целата енергија насочена кон евроинтегративниот процес, еве би одел и со тој дел, за прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа, значи Македонија во следниот период на шест, седум, осум месеци на локално ниво ќе биде едно мало градилиште, сето тоа ќе го видиме, најавите се добри“, изјави Милошоски.

Во оваа емисија пратеникот Милошоски истакна дека можностите кои ги направил ВМРО-ДПМНЕ се од голема корист за општините, за подобар развој во иднина, со оглед на тоа каков буџет е наследен од претходната власт, и дека оваа Влада им нуди помош и проекти кои ќе придонесат да има подобри услови за живот на граѓаните во целост.

— реклама —

„Дел од општините во Македонија и навистина немаат толку многу ресурси за да направат нешто многу самите ова од страна на Владата сметам дека е добар потег и солидарен и продуктивен. Буџетот беше во една голема дупка сега е веќе консолидиран, заемот со Унгарија исто така се преговараше и се стигна до одредена цифра која што треба да биде од голема помош за Македонија“, посочи Милошоски.

Покрај ова пратеникот се осврна и на евроинтегративниот процес како актуелна тема и наведе дека како и на домашно поле така и во оваа област се гледа напредокот на Владата и успешното раководење во изминатите месеци.

„Се гледа дека оваа Влада за разлика од претходната има добри релации во Европа и Вашингтон, со разните средби од кои и средбата со Макрон. Разговараме за навистина вложени напори од страна на ВМРО-ДПМНЕ да ја подобри позицијата на Македонија на меѓународната сцена“, заклучи Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања