Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Министерот Серафимовски се сретна со амбасадорот Рокас: Продолжува соработката со Европската Унија во областа на земјоделството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarymb48ej3igfcr5zePQbE

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформи во земјоделскиот сектор, искористувањето на европските фондови и продлабочувањето на соработката со Европската Унија.

— реклама —

Во фокусот на разговорите беа усогласувањето на домашното законодавство со европските стандарди во земјоделството и руралниот развој, како и прашањата поврзани со безбедноста на храната и фитосанитарната политика.

— реклама —

Министерот Серафимовски истакна дека европската интеграција во земјоделството претставува можност за зајакнување на институциите, воведување повисоки стандарди и зголемување на конкурентноста на домашното производство.

— реклама —

„Нашата цел е европската поддршка да се претвори во конкретни и долгорочни придобивки за земјоделците и за руралните средини“, нагласи Серафимовски.

— реклама —

На средбата беше потврдена заедничката заложба за ефикасно и одговорно користење на европските фондови, како и за навремено исполнување на обврските што произлегуваат од евроинтегративниот процес. Соговорниците посочија дека е неопходно реформите да обезбедат трајни резултати и дополнително да го унапредат развојот на земјоделскиот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb6r8n55fcgkk2tV24zH

(Видео) Серафимовски: Инвестираме 25 милиони евра во „Страиште“ за современо наводнување на 1.500 хектари во валандовскиот регион

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryn67khb6oqkqceBl6InI

Над 420 денари за килограм: Се очекува повисока просечна откупна цена на тутунот

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo6fboo6r52q11VhH6Nu

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryn67khb6oqkqceBl6InI

До 360.000 денари поддршка за жените земјоделки и 100.000 денари надоместок за мајчинство, најави Серафимовски

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања