Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Министрите Тошковски и Дачиќ од превентивната акција „Вози одморен“: Безбедноста во сообраќајот и во туристичката сезона мора да биде на највисоко ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
toskovski-dacic

Денеска (25.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателката на РСПБС Гордана Кожуваровска заедно со министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ и в.д. директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија, Душко Пешиќ ја почнаа заедничката превентивна кампања „Вози одморен“ на граничниот премин Табановце.

— реклама —

Праксата покажува дека заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи особено во летниот период од годината при патување на годишен одмор. Овие превентивни активности се насочени особено на делницата од граничниот премин Табановце до Граничниот премин Богородица, каде во летниот период енормно се зголемува бројот на возила кои минуваат преку овој коридор.

Министерот Тошковски потенцираше дека оваа заедничка кампања е значајна за унапредување на полициската соработка меѓу двете пријателски земји и му се заблагодарил на министерот Дачиќ за помошта што Министерството за внатрешни работи на Србија ѝ ја испрати на Македонија во гаснењето на шумските пожари.

— реклама —

„Денеска сме тука заедно со колегите од Србија да ја поддржиме превентивната акција „Вози одморен“ и да испратиме порака дека е исклучително значајно да се фокусираме сите во превенција на несакани настани кои најчесто се случуваат од премореност на возачите. На долгите патувања како што е патувањето на годишен одмор, клучни се паузите за одмор, на секои 2 до 3 часа неопходно е правење пауза од барем 15-тина минути. Возачите да тргнат на пат одморени бидејќи заморот е голем непријател на безбедното возење. Статистиките покажуваат дека сообраќајните незгоди предизвикани од замор за жал најчесто завршуваат фатално“, рече министерот Панче Тошковски.

— реклама —

Министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ го изрази своето задоволство од оваа заедничка акција помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија потенцирајќи го фактот што во текот летната сезона се случуваат голем број сообраќајни несреќи со смртни последици, како и дека податоците покажуваат дека на патиштата во Србија во овој период речиси секој ден по две лица го губат животот во просек.

„За нас е многу важно да го спасиме секој човечки живот, особено животот на децата. Важно е возачите да возат одморени“, кажа српскиот министер и ја истакнал важноста од соработката со македонската полиција во оваа превентивна акција.

Во рамките на активноста на возачите кои во моментот ја минуваа границата им беа поделени вода и летоци со едукативни совети и рекламен материјал во рамките на кампањата „Вози одморен“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library20vbrc2rd37h0ATzenc

По кражбите во европските музеи, Тошковски најави зајакнување на безбедноста на културното наследство

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 1 месец

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања