Промени тема
Контакт

(Видео) Мојсоска: Трагедијата во Кочани е резултат на системски пропусти , а не „несреќа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryrpstfg4m9ol55xBIp21

На седницата на Анкетната комисија за случајот во Кочани, пратеничката Јована Мојсоска упати сериозни обвинувања за децениски институционални пропусти кои, како што посочи, довеле до смртта на деца и повторување на трагедии што можеле да бидат спречени.

— реклама —

„Кога една мајка го губи своето дете, тоа не е несреќа. Несреќа е нешто што не зависи од нас. Ова е трагедија создадена од систем кој 35 години функционира со очигледни пропусти, дивоградби, фиктивни инспекции, корупција и институции кои молчат кога треба да штитат. Да не беше упорноста на родителите, Собранието немаше ниту денес да разговара за Кочани. И тоа е најголемиот срам – што жртвите мора да го креваат гласот за да ги натераат институциите да работат.“

— реклама —
— реклама —

Мојсоска потсети дека речиси една година по трагедијата институциите не донеле ниту една законска измена. „Девет месеци поминаа без ниту една законска измена која ќе спречи ваква трагедија да се повтори. Законот за угостителска дејност се најавува со месеци, инспекциските надзори завршуваат со празни одговори, а институциите сè уште се кријат зад формалности наместо да покажат одговорност. Не е злоупотреба да бараш одговори. Злоупотреба е кога со години се дозволува да работи ‘дискотека на смртта’, кога инспектори земаат мито, кога началници игнорираат прекршoци, кога министер доаѓа на рочишта со службени возила, а политичка одговорност – никаде.“

— реклама —

Во своето излагање таа додаде дека трагедијата не може да се сведе на индивидуален случај, туку претставува последица на системски пропусти. „Ова не е индивидуален пропуст, туку системска трагедија. Македонија има изгубено повеќе деца во системски трагедии отколку што губи една држава во војна. Тоа мора да престане.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања