Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Мојсоска: Власта место да смислува изговори, да се појави во Собрание пред родителите од Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9


Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во гостување на ТВ 24 изјави дека Собранието има обврска да ја искористи својата надзорна улога преку анкетните комисии, особено во контекст на трагедијата во Кочани. Таа оцени дека иако во минатото анкетните комисии биле практично неуспешни и завршувале со различни заклучоци од страна на власта и опозицијата (како онаа за „Онкологија”), очекува поголем демократски капацитет овојпат бидејќи е редно време да се извлече лекција од колективните порази.

Мојсоска нагласи дека системските пропусти кои довеле до трагедијата мора да бидат лоцирани, посочувајќи дека тие произлегуваат од законските решенија, правилниците и слично, како и начинот на нивно спроведување. „Собранието е тело кое врши надзор над извршната власт и не смееме да ја потцениме таа улога“, рече таа и потенцираше дека Собранието не смее постојано да се однесува како извршна власт на извршната власт.

Таа потсети дека Левица уште пред неколку месеци, во три наврати, иницирала надзорна расправа, но обидите биле блокирани.

— реклама —

Мојсоска потсети и дека девет месеци по трагедијата сè уште нема суштински законски измени. Како пример го наведе законот за угостителска дејност, за кој беа нотирани големи пропусти, меѓу нив и можноста дискотека да се отвори само со изјава дека се исполнуваат минималните стандарди. Таа додаде дека, иако од Владата најавија измени, и по девет месеци, тие сè уште не се доставени до Собранието.

Оттука, Мојсоска потенцираше дека и една од главните поенти на овие комисии и расправи е потребата да се иницираат законски решенија коишто ќе превенираат идни трагедии.

— реклама —

Во врска со претставката поднесена од родителите од Кочани, а по која претседателот на Постојаната анкетна комисија, Димитар Апасиев, закажа седница во вторник - Мојсоска истакна дека датумот за седницата е избран во координација со родителите, затоа што тој е единствениот ден кога не е закажано судско рочиште. Таа додаде дека се поканети и конечно ќе се обратат родителите, поканети се претставниците од власта и сите пратеници.

— реклама —

Мојсоска оцени дека не постојат реални пречки за седницата да не се одржи, иако дел од пратениците од власта се повикуваат на почетокот на буџетската расправа. „Буџетската расправа трае пет дена, а минатата година Буџетот се донесе за еден ден. Имаме услови седницата да се одржи“, рече таа и додаде дека приоритет е барањето на родителите и јавноста. Мојсоска потенцираше дека не сака повторно да се случат „креативни обиди“ за спречување на одржувањето на седницата и можноста родителите да се обратат.

Во однос на поканите до претседателката Горданa Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски, Мојсоска рече дека засега немаат добиено потврда дека ќе присуствуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr3cs3mf6i9mu4GVhQxR

(Видео) Татко на жртва од „Пулс“: Се радуваме на смртта, не на животот, што ќе ни е живот без нашите деца

Македонија | пред 1 седмица

media-library5ep6umtq6r4239PXoZj

Во сабота ќе се одржи 47. „Марш на ангелите“ во Кочани

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryp20sb7pbvsnr5GZXVqQ

Kочанчанец избега од полициска станица преку прозорец, откако бил приведен со бела прашкаста материја

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Нови осомничени во случајот „Пулс“: Инспектори со години не вршеле контроли

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања