Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МОН ќе финансира 14 заеднички научни проекти со Австрија, по 10.000 евра за секој проект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library7b62glv6c0mh84HMOeX

Министерството за образование и наука ќе го поддржи спроведувањето на 14 заеднички научно-истражувачки проекти меѓу Македонија и Австрија, насочени кон области со значаен развоен потенцијал како што се паметното земјоделство, информациските технологии, енергетиката, одржливите материјали и туризмот.

Денеска беа потпишани договорите со добитниците на финансиската поддршка, која изнесува по 10.000 евра, односно 600.000 денари за секој проект.

— реклама —

Најголем број од поддржаните проекти, вкупно девет, ќе ги реализира Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, додека Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ќе работи на три проекти. По еден проект добија и Меѓународниот Балкански универзитет и Приватниот институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени од Скопје.

— реклама —

Од избраните проекти, шест се од областа на инженерството и технологијата, пет од природно-математичките науки, два од земјоделските и ветеринарните науки и еден од општествените науки.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека проектите се усогласени со приоритетите од Стратегијата за паметна специјализација и ќе придонесат за развој на клучни сектори за идниот економски раст.

— реклама —

Проектите се избрани по јавен повик објавен во септември минатата година, на кој биле доставени 18 апликации. По заедничка евалуација од македонска и австриска страна, поддршка добиле 14 проекти, чија реализација ќе трае две години.

— реклама —

Од академската заедница оценуваат дека поддршката е особено значајна поради можноста за воспоставување подлабока соработка со реномирани австриски универзитети и научни центри, што во иднина може да отвори пат и кон учество во поголеми европски програми и фондови, како што е „Хоризонт Европа“.

Деканот на Градежниот факултет при УКИМ, Јосиф Јосифовски, посочи дека соработката со технички факултет во Виена ќе биде насочена кон истражувања поврзани со енергетската ефикасност на објектите и климатските промени, области кои добиваат сè поголемо значење на глобално ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Македонија го одбележува Светскиот ден на науката со рекордни 773 милиони денари за наука

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryria5t511mpil7l7HRNL

МОН отвори конкурс за студентски стипендии, пријавувањето трае до 20 ноември

Македонија | пред 6 дена

media-libraryr2ubmeo57qe490vh2Zz

Програмата за сеопфатно сексуално образование повторно е воведена, но под името – „Здравје и заштита на здравјето“.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Во „Стив Наумов“ откорнале радијатор, фрлале влажни марамици во канализација и палеле цигари во собите, велат од МОН

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања