Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

МОН: Се проширува капацитетот на ОУ „Крум Тошев“ во Гази Баба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryauap9k9q2pjo5eIDlfN

Министерството за образование и наука соопшти дека се проширува капацитетот на основното училиште „Крум Тошев“ во општина Гази Баба, во рамки на инвестиции насочени кон подобрување на образовната инфраструктура во земјата, се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука.

— реклама —

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, заедно со градоначалникот на општината Бобан Стефковски, извршила увид во градежните активности во училиштето во селото Трубарево. Проектот, вреден 23 милиони денари, е финансиран од Владата,стои во соопштението од Министерството за образование и наука.

— реклама —
— реклама —

Како што е наведено во соопштението од Министерството со проширувањето се предвидува доградба на три училници и санитарни јазли, како и зголемување на просторот на наставничката канцеларија и училишната менза. Според надлежните, инвестицијата треба да биде завршена на почетокот на следната година и е дел од поширока програма со која се финансираат над 80 инфраструктурни проекти во училиштата,

Јаневска истакнала дека вложувањата се реализираат рамномерно на територијата на државата, без разлика на урбани или рурални средини, со цел да се обезбедат еднакви услови за сите ученици. Таа, исто така, потсети дека уписите на првачиња започнуваат во мај и апелираше за почитување на реонизацијата при запишување во основните училишта, како што се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Во „Стив Наумов“ откорнале радијатор, фрлале влажни марамици во канализација и палеле цигари во собите, велат од МОН

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library2lu3euolp37rd6bAm11

Над 10.800 средношколци учат според модернизирани наставни програми, во кои се вклучени СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfn0olm7epgef1GHZtQt

Од употреба се повлекуваат 14 учебници за седмо одделение

Македонија | пред 1 седмица

media-library942qinga5e9r9wfwpfz

Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања