Промени тема
Контакт

Му пукале во глава - Откриен еден од убијците на Ѓело Ѓошев во Чашка – покрената истрага против осомничен велешанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library3ggn23nrove70a2CCvA
Скопје1.мк

Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против едно лице осомничено дека учествувало во убиството на велешанецот Ѓело Ѓошев, кое се случи на 5 ноември во близина на селото Бусилци, во месноста Поројница. Обвинителството има основано сомнение дека тој бил соизвршител на кривично дело – убиство, предвидено во член 123 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според првичните сознанија, осомничениот го намамил Ѓошев и со сопствен автомобил го однел на локацијата каде, заедно со друго сè уште неидентификувано лице, пукале кон него со огнено оружје. Жртвата добила прострелна рана во главата и починала на местото на настанот.

— реклама —

Осомничениот, кој и претходно бил казнуван за разбојништво, по убиството се обидел да ги прикрие трагите за да ја попречи истрагата, соопшти обвинителството.

— реклама —

Со оглед на сериозноста на делото, опасноста од бегство, влијание врз сведоци и можноста повторно да изврши кривично дело, јавниот обвинител предложи мерка притвор.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи, по наредба на обвинителството, продолжува со интензивна истрага за откривање на вториот соизвршител и утврдување на мотивите за убиството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Жена пронајдена обесена на дрво во Мисисипи, но полицијата тврди дека била мртва пред да биде обесена

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 2 седмици

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Македонка осудена на осум години затвор во Австралија: Ја задушила 85-годишната соседка и го фрлила телото во река

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања