Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Муцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства и конкретни придобивки за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarygsanosh30boi8JG8Oly

На денешната прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски ги презентираше клучните активности и резултати реализирани во изминатиот период, истакнувајќи дека државата изградила поактивна, поотворена и поефикасна дипломатија.

„Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни придобивки за граѓаните. Денес можеме да кажеме дека изградивме поактивна, поотворена и поефикасна дипломатија“, изјави Муцунски.

— реклама —

Тој нагласи дека надворешната политика останала доследна на трите стратешки столба – партнерството со Соединетите Американски Држави, целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и активното членство во НАТО.

Според Муцунски, во изминатите две години биле реализирани повеќе од 110 работни посети во странство и над 400 средби и состаноци, од кои повеќе од 210 билатерални средби со државници, министри и високи претставници. Воедно, земјава била домаќин на повеќе од 40 европски и светски лидери и високи претставници.

— реклама —

Осврнувајќи се на европската интеграција, министерот ја потврди посветеноста на Владата на реформите и европскиот пат, потсетувајќи на потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, како и на средствата обезбедени преку Планот за раст за Западен Балкан.

„Европската комисија неодамна стави на располагање 65,7 милиони евра преку Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот. Со тоа вкупниот износ на средства ставени на располагање за нашата држава достигна 142,1 милиони евра“, истакна Муцунски.

— реклама —

Тој посочи и дека државата била првата европска земја што одржала сесија на стратешкиот дијалог со новата администрација на САД, а дополнително биле продлабочени односите и преку договорите за стратешка соработка со Обединетото Кралство, Унгарија и Хрватска, како и преку потпишаниот меморандум за соработка со Обединетите Арапски Емирати.

Во делот на мултилатералната дипломатија, Муцунски ги издвои членството во Советот за човекови права на Обединетите Нации, членството во ЕКОСОК, реизборот во Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје и затворањето на постмониторинг-процедурата во Советот на Европа.

— реклама —

На крајот од обраќањето, министерот порача дека надворешната политика треба да биде простор за национално единство и долгорочен државен интерес.

„Нашата задача е јасна: да градиме држава која е почитувана, безбедна, економски поврзана и европски интегрирана“, рече Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb39kumub1v8s3kkgZFN

Муцунски: Напредокот во надворешната и безбедносната политика е потврден со највисоки оценки

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 2 седмици

media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања