Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Муцунски и Гоунтанис разговараа за продлабочување на стратешката соработка меѓу Македонија и САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryt8cvl6tv7bqe8FFrPTd

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис.

— реклама —

На средбата се разговараше за спроведувањето на билатералните приоритети и цели договорени во рамки на Втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу владите на Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, која се одржа во април годинава.

— реклама —

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за понатамошно унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со цел дополнително продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете држави.

— реклама —

Посебен акцент во разговорите беше ставен на енергетската и инфраструктурната отпорност, економската и трговската соработка, сајбер-безбедноста, миграциските прашања, како и на заедничките активности за борба против организираниот криминал и нелегалната трговија со дрога и други наркотични средства.

— реклама —

Во таа насока, беше истакната потребата од постојана координација и интензивирање на заедничките активности за реализација на договорените иницијативи, во согласност со стратешките интереси на двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb39kumub1v8s3kkgZFN

Муцунски: Напредокот во надворешната и безбедносната политика е потврден со највисоки оценки

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 2 седмици

media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања