Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Муцунски: Македонија сѐ уште не добила покана за Одборот за мир, анализираме дали е во наш интерес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
timco-mucunski

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски синоќа истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија.

-Целта на нас како владина делегација на овој настан беше насочена кон следење на најновите трендови и активна комуникација со компаниите кои можат да ни помогнат во насока на развивање на домашната економија. Јас ги следев овие соопштенија кои опозицијата ги лиферуваше – или не знаат што е Давос, или сакаат да ја манипулираат јавноста за каков настан се работи. Нашиот фокус беше економија, трговија, бизнис, инвестиции. И мислам дека многу успешни плодови од овој настан ќе имаме во следниот период, рече Муцунски на вечерашното гостување на „Тема на денот“ на ТВ Сител.

— реклама —

Тој потенцира дека македонската владина делегација во Давос имале повеќе значајни средби со претсавници на престижни компании, од кои се надева дека ќе донесат конкретен плод за нашите граѓани.

-Тоа што јавноста го гледаше како слика од Давос беше повеќе политички пораки. На пример говорите на претседателот Трамп, на претседателот Макрон, доста популарен беше и говорот на канадскиот премиер, но тоа беше заради моментот и случувањата околу Гренланд. Настанот во Давос носи назив Светски економски форум. Самиот настан е конципиран како најголемиот ЏитТуБи влада со бизнис и БиТуБи бизнис со бизнис настан во светот. Целта е да се дискутира за трговија, за економија, за енергетика, за да се слушнат најновите трендови, но исто така владите да имаат можност за непосреден контакт со деловната заедница. Ние имавме повеќе средби кои се надевам дека ќе донесат конкретен плод за нашите граѓани. Средбата со ФорАјЏи, средбата со раководството на мултинационалната корпорација Филипс. Врз основа на таа средба токму денеска имав фолоу-ап комуникација со еден од главните потпретседатели на корпирацијата Филипс. Претседателот Мицкоски беше панелист на еден од најзначајните панели за енергетика каде што заедно беше главен говорник со американскиот секретар за енергетика Врајт, рече тој.

— реклама —

Во однос на прашањето за недобивање покана на нашата држава во Бордот за мир, Муцунски нагласи дека се уште прават анализа дали ние и би имале интерес да пристапиме кон ваква организација.

-Јас не мислам дека надворешната политика треба да ја третираме низ призмата на симболика, туку треба да ја гледаме низ призмата на резултатите кои се постигнуваат. Се работи за Борд за мир за Газа. Ние и по однос на ова прашање комунициравме со администрацијата во Вашингтон. Но, ние исто така нашето позиционирање по сите овие прашања треба да го гледаме низ призмата не само кои се нашите права, односно сликата да се биде тука, туку и потенцијалните обврски што би се очекувале од земјите кои членуваат во овој Борд. Комуницираме со Вашингтон по ова прашање. Прашањето за Газа не е меѓу клучните приоритети на македонската надворешна политика по однос на партнерството со САД. Ние низ призмата на праксата докажавме што значи да се биде во стратешки односи со оваа администрација, изјави министерот за надворешни работи.

На прашањето дали македонската Влада има изградено пристап дали би прифатиле доколку Македонија добие покана на Одборот за мир, Муцунски одговори дека не треба да брзаме по однос на оваа прашање. Потенцира дека едно е да добиете права, а друго е какви обврски ќе се преземаат.

-Едно е да добиете права, но друго е ќе повторам и какви обврски ќе се преземаат не само финансиски обврски, туку и обврски и од друга гледна точка и кој е нашиот интерес да учествуваме ви мировниот процес во газа како мала држава во срцето на Балканот. Комуницираме со администрацијата во Вашингтон и доколку донесеме одлука во било која насока, секако македонската јавност ќе биде своевремено информирана. Но, да бидеме внимателни. Немаме интерес да избрзуваме ние како држава во вакви релации. Во ова сложено време приоритетот на надворешната политика треба да биде домашниот интерес. Тука ќе повторам, мислам на бизнисот, на граѓаните, на студентите, на сите кои што имаат некој интерес којшто надворешната политика помага да се реализира, рече Муцунски.

Министерот Муцунски најави дека  владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на политички безбедносен форум во Минхен, каде што фокусот нема да биде толку многу економија и бизнис, туку политика и безбедност. Нагласи дека на овој форум приоритет ќе им бидат средбите од областа на политиката и безбедноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5u54ori503bsaY390HA

Повторно актуелна идејата за директна авиолинија меѓу Скопје и Сараево

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryaid127tg2cic1trOluV

„Дигиталната трансформација, иновациите и ИКТ секторот треба да станат посилен дел од економската агенда со Грција“, вели Муцунски

Македонија | пред 5 дена

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

„Македонија останува на европскиот пат, но без услови за уставни измени“, вели Муцунски

Македонија | пред 5 дена

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

„Нашите граѓани даваат поддршка на европскиот пат, но не и да се продолжи по патот на отстапки во низа“, вели Муцунски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања