Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Муцунски од Хелсингборг - Во фокусот на разговорите инвестициите во одбраната, Украина и Западниот Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarya7sqgpbtrnfrccQkLR4

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, во Шведска.

— реклама —

Пред почетокот на состанокот, Муцунски изјави дека средбата претставува важна можност, речиси една година по Самитот во Хаг, да се направи пресек на постигнатото и да се разговара за подготовките за претстојниот самит во Анкара.

— реклама —

Тој посочи дека во фокусот на разговорите ќе бидат инвестициите во одбраната, развојот на одбранбените индустрии и поддршката за Украина.

„Ќе дискутираме за многу посветената поддршка што ја обезбедивме како сојуз за Украина и какви се нашите планови понатаму“, изјави Муцунски.

— реклама —

Министерот додаде дека состојбите на Блискиот Исток и на Западен Балкан исто така ќе бидат дел од дискусиите, нагласувајќи дека регионот и понатаму се соочува со безбедносни ризици и влијанија од надворешни фактори.

— реклама —

Муцунски оцени дека НАТО станува сè посилен со зголемената посветеност на сојузниците кон инвестициите во одбраната и додаде дека состанокот ќе биде можност за разговор и за предизвиците и за можностите пред Алијансата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb39kumub1v8s3kkgZFN

Муцунски: Напредокот во надворешната и безбедносната политика е потврден со највисоки оценки

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 2 седмици

media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања