Промени тема
Контакт

Муцунски: Остануваме кредибилен партнер на Европската Унија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryb39kumub1v8s3kkgZFN

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со висока делегација од Европска служба за надворешно дејствување во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европска Унија и Македонија.

На средбата бил поздравен редовниот политички дијалог што се води во рамки на партнерството потпишано во 2024 година, при што било оценето дека вториот состанок одржан во април 2026 година во Брисел претставува значаен чекор кон конкретизирање на заедничките приоритети за соработка.

— реклама —

Соговорниците размениле мислења и за тековните дискусии меѓу земјите членки на ЕУ во рамки на Европски мировен инструмент, особено во однос на подготовката на Стратешките насоки за 2027 година.

Притоа било нагласено дека се очекува поголема поддршка за земјите од регионот, како и развој на проекти со регионална димензија.

— реклама —

Претставниците на ЕЕАС информирале и за можни поголеми регионални проекти кои би биле финансирани преку буџетот на Европскиот мировен инструмент за 2027 година.

— реклама —

Министерот Муцунски ја реафирмирал посветеноста на Македонија како кредибилен и конструктивен партнер на Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика, потенцирајќи дека европската интеграција останува стратешки приоритет на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu6ued6n3ckuc63ZUP5u

Муцунски од Киев: „Стоиме со Украина, границите не можат да се менуваат со сила“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryhj0n115cb0pkdofbqBw

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Европската интеграција треба да ги трансформира институциите, а не идентитетите

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylbh836q5q874c6FQcOx

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Македонија | пред 3 седмици

media-library6p7egjh5vog99R78lPN

Македонија и Чешка го продлабочуваат партнерството, нови инвестиции и силна поддршка за ЕУ-интеграцијата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања