Промени тема
Контакт

Муцунски со европски дипломати: Фокус на реформи, безбедност и интеграции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library1vq09bb3o72l0JAWy66

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари повеќе билатерални средби со високи европски претставници, при што во фокусот беа евроинтеграциите, реформите и регионалната соработка.

— реклама —

Како што информира Министерството за надворешни работи, Муцунски се сретнал со шефот на португалската дипломатија Пауло Рангел, косовскиот министер за надворешни работи Глаук Коњуфца, директорот за Континентална Европа во француското МНР Брис Рокфеј, како и со директорот за Западна Европа во Европската служба за надворешни работи Емануеле Ѓауфрет.

— реклама —

На средбата со Рангел било потврдено високото ниво на билатерални односи, при што двете страни изразиле подготвеност за нивно натамошно унапредување, со акцент на евроинтегративниот процес и улогата во НАТО.

Со Коњуфца биле разменети мислења за регионалните прашања и соработката, при што било истакнато значењето од нејзино дополнително зајакнување.

— реклама —

Во разговорите со европските дипломати Рокфеј и Ѓауфрет, фокусот бил ставен на напредокот во пристапниот процес, спроведувањето на Реформската агенда, владеењето на правото и јавната администрација, како и на поддршката што земјата ја добива во тие процеси.

На средбите било разговарано и за актуелните геополитички случувања во Европа и пошироко, во контекст на зголемената глобална неизвесност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги осуди нападите на Хутите врз аеродромите во Саудиска Арабија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

МНР: Претставник на македонската делегација бил присутен на говорот на Нетанјаху

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли наводите на ЦГК: Евакуацијата од Блискиот Исток беше законска и во интерес на граѓаните

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања