Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Муцунски во Братислава: Потребна е забрзана интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryckc7ndl1hd605hA6NoZ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваше на Министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа во Братислава, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи.

— реклама —

Состанокот бил организиран на покана на словачкиот министер за надворешни и европски работи Јурај Бланар.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзина цел е забрзување на евроинтеграцијата на земјите од регионот.

— реклама —

На состанокот се разговарало за политиката на проширување на Европска Унија, економскиот развој, безбедноста и геополитичките предизвици.

— реклама —

Во своето обраќање, Тимчо Муцунски ја нагласил потребата од забрзување на пристапниот процес и отстранување на пречките за непречена трговија со Европската Унија.

Тој посочил дека концептот на постепена интеграција треба дополнително да се надгради со иницијативи што ќе овозможат поголемо учество на земјите од Западен Балкан во креирањето на европските политики.

— реклама —

Муцунски говорел и за Планот за раст, реформите и значењето на инфраструктурните проекти, истакнувајќи дека Северна Македонија е точка на пресек на Паневропските коридори VIII и X, кои имаат големо економско и геостратешко значење за регионот и Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb39kumub1v8s3kkgZFN

Муцунски: Напредокот во надворешната и безбедносната политика е потврден со највисоки оценки

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 2 седмици

media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања