Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Муцунски во Доха: Потврдена заедничката определба за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу Македонија и Катар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryp3fle0c46hmi8X4t84z

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на дводневната посета на Државата Катар, оствари средба со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани, на која беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералните односи.

— реклама —

На средбата беше оценето дека односите меѓу двете држави се на високо ниво, а посебен акцент беше ставен на интензивирањето на политичкиот дијалог, економската и инвестициската соработка како клучни области за идниот развој на партнерството.

— реклама —

Соговорниците разговараа и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што внимание беше посветено на состојбите на Блискиот Исток, меѓународната безбедност и можностите за поактивна соработка во рамки на мултилатералните организации.

— реклама —

Во текот на посетата, Муцунски се сретна и со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан бин Саад Ал-Мураичи. По разговорите беа потпишани три документи – Договор за укинување на визите за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши, Меморандум за воспоставување политички консултации и Меморандум за соработка во областа на дипломатската едукација.

— реклама —

Од Министерството оценуваат дека со потпишувањето на овие документи се создава дополнителна институционална рамка за зајакнување на политичките односи и продлабочување на соработката во областите од заемен интерес меѓу Северна Македонија и Катар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb39kumub1v8s3kkgZFN

Муцунски: Напредокот во надворешната и безбедносната политика е потврден со највисоки оценки

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 1 седмица

media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања