Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Муцунски за Euronews: „Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за Euronews изјави дека Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во евроинтегративниот процес.

„Ние сме држава што се гордее со својата проевропска ориентација, не само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме во нашето општество“, истакна Муцунски.

— реклама —

Во интервјуто за емисијата „12 Minutes With“, министерот посочи дека регионот се соочува со сериозни хибридни и малигни влијанија, кои се засилуваат таму каде што расте фрустрацијата и се намалува довербата.

— реклама —

„Покажавме не само дека велиме оти сме отпорни, туку и дека навистина сме отпорни во пракса“, рече Тимчо Муцунски.

Тој нагласи дека членството во Европска Унија останува клучен надворешнополитички приоритет и најдобар механизам за долгорочна стабилност, безбедност и развој на регионот.

— реклама —

Осврнувајќи се на безбедносните прашања, Муцунски оцени дека НАТО денес е „посилен од кога било досега“.

— реклама —

„Мојот став е дека, благодарение на претседателот Трамп, државниот секретар Рубио и целокупниот надворешнополитички апарат на САД, НАТО е посилен од кога било досега“, изјави Муцунски.

Тој потсети и на минатогодишниот Самит во Хаг, каде членките на Алијансата се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП до 2035 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb39kumub1v8s3kkgZFN

Муцунски: Напредокот во надворешната и безбедносната политика е потврден со највисоки оценки

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 2 седмици

media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања