Промени тема
Контакт

Музика, театар и технологија во спектакл за 35 години независност на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryolv9nktlr99c78sxFil

Режисерот и идеен творец на проектот за одбележување на 35 години независност на Македонија, Дејан Пројковски, најави голем музичко-сценски спектакл на отворено, кој преку уметност ќе ги поврзе најзначајните моменти од независноста на државата.

— реклама —

Според него, проектот нема да биде класична хронологија на настаните, туку уметничко патување низ трите и пол децении независност.

— реклама —

„Проектот е замислен како музичко-сценски перформанс, чија тема е 35 години независност на Македонија. Тој ќе ги спои сите важни моменти од овие 35 години кои нѐ обединуваат и нѐ прават горди и среќни, се разбира, низ една уметничка перспектива. Овој перформанс нема да биде некаква хронологија, туку низ едно музичко-сценско патување ќе одиме низ тие 35 години и ќе ги споиме генерациите“, рече Пројковски.

— реклама —
Тој најави дека на сцената ќе настапат бројни пејачи, музичари и актери, а спектаклот ќе биде поддржан со современа сценска техника и технологија.

„Ова ќе биде еден од најголемите сценски спектакли на отворено. Ќе спои пејачи, музичари и актери, ќе ги споиме сите уметности. Покрај големиот број уметници на сцената, ќе имаме сериозна техника и технологија“, додаде Пројковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhu5uv079hgb70UOwg3D

Мицкоски: За идентитетот, јазикот и културата нема компромиси

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarykis2d1a4f2vp7khLiJk

Сиљановска: „Оставија трага што не исчезнува“ – Петмина творци одликувани со Орден „8 Септември“ за придонесот кон македонската култура

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq6jvua2o5i7r239rT5u

(Видео) Мицкоски: Нашата национална амбиција во следните 35 години не смее да биде само да опстоиме, туку да успееме

Македонија | пред 1 месец

media-librarya7qmj9vmcdco2khuAsY

Во чест на 35 години независност: Сиљановска-Давкова им оддаде почит на Глигоров, Трајковски и Кљусев

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања