Промени тема
Контакт

Во чест на 35 години независност: Сиљановска-Давкова им оддаде почит на Глигоров, Трајковски и Кљусев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarya7qmj9vmcdco2khuAsY

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски и на вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев, на Градските гробишта во Бутел – Скопје.

— реклама —

Во рамки на настанот, во организација на Кабинетот на претседателката, свежо цвеќе положија и собраниска делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, владина делегација предводена од министерката за образование и наука, Весна Јаневска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, претставници на Сојузот на борците, на судската власт, Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалници на скопските општини, директорката на Агенцијaтa за разузнавањe, Габриела Јаковлева, директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска, претставници на политичките партии, на дипломатскиот кор и семејството Кљусеви.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykis2d1a4f2vp7khLiJk

Сиљановска: „Оставија трага што не исчезнува“ – Петмина творци одликувани со Орден „8 Септември“ за придонесот кон македонската култура

Македонија | пред 8 минути

media-libraryq6jvua2o5i7r239rT5u

Мицкоски: Нашата национална амбиција во следните 35 години не смее да биде само да опстоиме, туку да успееме

Македонија | пред 19 минути

media-librarytfeeesjud8fo07joKLQ

Сè е подготвено за Дејвид Гета: Вратите на Арената „Тодор Проески“ се отвораат во 17 часот, „Авалон“ со важни информации за публиката

Македонија | пред 2 часа

ali-ahmeti

„Европската иднина не се гради со намалување на правата“ – порака од Ахмети за 35 години независност

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања