Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот, вели Димитријевиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryrufsmlf66vttdPIVp2U

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ,во гостување во емисија на ТВ 24 оцени дека на премиерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ им одговара државата да остане надвор од Европска Унија за, како што рече, „да продолжат да го крадат народот“.

Во гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, Димитријевиќ изјави дека хистеријата и спиновите околу идентитетските прашања служат за прикривање на криминалот и корупцијата.

— реклама —

„На Мицкоски му одговара оваа ситуација, да ја држи Македонија изолирана и да ја држи Македонија надвор од европските институции“, рече Димитријевиќ.

— реклама —

Тој додаде дека со пристапните преговори би се вовел поголем ред во државата и би се ограничиле злоупотребите и наместените тендери.

Според него, македонскиот идентитет не е загрозен од внесувањето на Бугарите и другите малцинства во Уставот, туку од „криминалот, корупцијата и дилетантската политика на ВМРО“.

— реклама —

Димитријевиќ оцени и дека Владата нема напредок на меѓународен план и дека реформските процеси се блокирани.

— реклама —

„Од 10 реформски закони коишто треба да ги донесеме, осум не се донесени“, изјави тој.

Воедно, посочи дека СДСМ за време на своето владеење ја внелa државата во НАТО и го заштитила македонскиот јазик во преговарачката рамка со Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4ej5g05e0o6q6bvmDEQ

(Видео) Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 34 минути

— реклама —
media-library0e0ffsp9ar6m1mivsY1

Димитријевиќ : ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките во Алта банка, пензионерите мора да бидат заштитени

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3kmk2fhloa01Nz2SuL

(Видео) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr4jsjts59d4d2dQEGgq

(Видео) Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања