Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryc6e85b2g9adh2RGPLgk

Во изминатите четири години, вкупно 10.500 државјани на Република Турција поднеле барање за стекнување македонско државјанство по основ на македонско потекло, објави Радио Слободна Европа.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за турски државјани кои во македонските институции треба да докажат дека се иселеници од земјава и дека имаат македонско етничко потекло.

— реклама —

Според МВР, значителниот пораст на бројот на барања е резултат на законските измени донесени во 2021 година. Оттаму посочуваат дека токму измените во Законот за државјанство довеле до енормно зголемување на интересот за стекнување македонско државјанство кај иселениците кои живеат во Република Турција.

— реклама —

Во меѓувреме, економската соработка меѓу двете земји бележи раст. Според податоците доставени до РСЕ од Македонско-турската стопанска комора МАТТО, во текот на 2024 година биле регистрирани 4.132 фирми со турски капитал, основани од правни и физички лица.

— реклама —

Од Комората посочуваат дека зголемениот бизнис-интерес произлегува од блиските и традиционално добри односи меѓу Македонија и Турција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8gcf5lnjimq5fbez9Um

Млад Македонец со тешка повреда го враќаат од Турција: се подготвува владиниот авион за транспортот

Македонија | пред 7 часа

media-libraryojnammhdvtbb9HvB7NS

Турција ја посетиле 25,8 милиони туристи во првата половина од годината

Свет | пред 1 седмица

erdogan-1

Ердоган: „По секоја цена нема да дозволиме да се повтори минатото“

Свет | пред 1 седмица

erdogan-1

Ердоган: Турција нема да ги остави кипарските Турци без поддршка

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања