Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во Европа: Најмногу заболени има во Италија и Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ
Photo by National Institute of Allergy and Infectious Diseases on Unsplash

Бројот на локално стекнати инфекции со вирусот на Западен Нил во Европа надмина 1.000 од почетокот на годинашната сезона на пренос, покажуваат најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

— реклама —

До 3 септември биле регистрирани вкупно 1.086 случаи во 15 европски земји, според најновото неделно ажурирање на ECDC. Бројот значително се зголемил во последните недели – на почетокот на август биле пријавени нешто повеќе од 240 случаи во седум земји.

Најмногу случаи има во Италија, каде што се регистрирани 516 заболени. Следуваат Грција со 284 и Шпанија со 88 случаи.

— реклама —

Вирусот досега е регистриран во 144 подрачја низ Европа, од кои 62 се во Италија. Сепак, од ECDC предупредуваат дека бројките не ја прикажуваат целосно распространетоста на вирусот.

— реклама —

Западнонилскиот вирус главно се пренесува меѓу дивите птици преку комарци. Заразените комарци потоа можат да го пренесат вирусот и на луѓето.

Според германскиот Институт „Роберт Кох“, околу 20 отсто од заразените развиваат симптоми слични на грип, додека кај приближно еден од 100 заразени лица болеста може да добие тешка форма.

Во најголем број случаи, инфекцијата со вирусот на Западен Нил поминува без сериозни компликации. Сепак, кај пациентите кои развиваат тешка форма на болеста може да се појават и долготрајни последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 13 часа

— реклама —
market-pari

Европа сè позагрижена за животниот стандард, незадоволството расте: Довербата на потрошувачите на петмесечно дно

Свет | пред 16 часа

media-library99hbr3gnm187a7zZfX2

Над 50.000 жртви од горештините во Европа, летото 2026 најсмртоносно досега

Свет | пред 18 часа

gradeznistvo-1024x448

Младите во Европа сè потешко до сопствен дом: Цените на становите пораснале за 60,5 отсто

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања